ИЗМИР Март 2027
Опис
Период на патување 05 - 09.03.2027/ 5 дена
Поминете го 8-ми Март во еден од најубавите градови на Егејскиот брег и уживајте во комбинација од историја, култура и медитеранска атмосфера.
Ќе уживаме во „турскиот град на море“ — град кој има илјадници години историја, базари, антички локалитети и одлична храна, а ќе ги посетиме и уживаме во мистичниот Ефес - еден од најзначајните антички градови со најдобро зачуваните римски градби, ќе си замислиме најскрени желби во Куќата на Дева Марија, ќе пиеме кафе во живописното гратче Алачати, меѓу малите улички од калдрма, украсени со многу цвеќе и на крај ќе дегустираме вино во најубавата Винарија со величествен поглед.
Сместување: 4 ноќевања со појадок во хотел 4★ – во центар на Измир
Цена: 499 € по лице / 30.940 мкд
ЗА ПРВИТЕ 6 ПРИЈАВЕНИ ЛИЦА – ВКЛУЧЕНА Е ПАНОРАМСКА ПЕШАЧКА ТУРА ИЗМИР
Напомени
Прв ден: 05.03.2027 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 10:45 часот и слетување во 14:00 часот локално време. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување.
Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа Kордон, шеталиштето покрај Егејското Море, кое особено е убаво пред зајдисонце, каде локалните жители често седат покрај морето или во кафулињата. Уживање и во прекрасното пристаниште Konak Pier каде има прекрасни ресторани. Двете локации се познати по ноќниот живот. Ноќевање.
Втор ден: 06.03.2027 (сабота)
Појадок. По појадокот можност за факултативна пешачка тура со разглед на Измир – градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Измир има историја од повеќе илјади години, а денешниот центар е буквално изграден врз слоеви од различни цивилизации. Најпознат е по часовникот на Конак од 1901 година и се наоѓа на самиот плоштад Конак како и историскиот лифт (Asansör) е изграден за да поврзува два дела од градот на различна височина и денес е одлично место за поглед кон заливот.
Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Трет ден: 07.03.2027 (недела)
Појадок. После доручек состанок на групата и факултативно заминување кон Чешме, атрактивното и светски познатото летувалиште кое е најзападниот приморски град во Турција и се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Иос. Името значи „чешма“ или „фонтанa“. Се смета дека градот го добил името по бројните извори и чешми од кои морнарите некогаш земале свежа вода. Посета на марината во Чешме и посета на замокот на Чешме - Чешме Калеси била изградена во 1508 година, во времето на султанот Бајазит II. Денес е еден од симболите на градот. Слободно време за ручек или за кафе на познатата улица Дарио Морено.
Ја продолжуваме нашата тура кон волшебното, недопрено градче Алачати или таканаречен “скриениот скапоцен камен на Турција”. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка пешачка градска тура со посета на Пазариери џамија во која сеуште постои олтарот на црквата Свети Константин која веднаш после прогласување на републиката била претворена во џамија. Време за индивидуални активности, пиење кафе, шопинг или едноставно - време за уживање.
На враќање застануваме да дегистораме вино во прекрасната Винарија URLA - локална винаријa, каде ќе уживаме во дегустација на вина со стручен водич. Дегустацијата вообичаено опфаќа неколку локално произведени вина, придружени со информации за лозјето, производството на вино и локалната винска култура во регионот Урла.
Враќање кон хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Четврти ден: 08.03.2027 (понеделник)
Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија на ЕФЕС И КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА. Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја, кој порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Антички Ефес – легенда за Грците и Римјаните, најголемото поле со урнатини во светот, сместено под врвот Пион и Булбулдаа, во близина на третото светско чудо – Храмот на Артемида – најголемиот музеј под отворено небо во модерна Западна Турција, едно од седумте чуда на Стариот век. Од храмот денес се зачувани само ограничени остатоци, но сеуште изгледа величенствено и импозантно. Тука ги посетуваме и се воодушевуваме и на Библиотеката на Целзус, Големиот театар, Храмот на Адријан....
Продолжуваме со посета на Куќата на Богородица – едно од најважните места за посета од целиот христијански свет каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Да се поклониш и да запалиш свеќа пред иконите – една за живите и една за покојните, духовно да се прочистиш, да се напиеш вода од лековитиот извор за здравје, љубов и среќа, да се полееш за најблиските и да врзете белешка со желба на Ѕидот на желбите… Одличен спој на античка приказна и архитектура.
Враќање кон хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Петти ден: 09.03.2027 (вторник)
Појадок. Одјавување од хотел и трансфер кон аеродром. Полетување за Скопје во 16:35 часот. Пристигнување во Скопје во 15:50 часот локално време.
Цената на аранжманот вклучува:
- Директен авионски лет со Pegasus Airlines согласно следниот итенерар и согласно политика на авиокомпанијата
05.03.2027 PC1572 Skopje- Izmir 10:45 14:00
09.03.2027 PC1571 Izmir- Skopje 16:35 15:50 - Вклучен чекиран багаж од 20 кг по лице и рачен кабински багаж од 8кг по лице согласно политика на авиокомпанија
- Четири ноќевања со појадок во хотел Ibos İzmir 4* https://www.iboshotels.com/ во Измир или сличен
- Туристичка такса
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Организација на аранжманот и лиценциран придружник за време на целото патување
Цената на аранжманот НЕ вклучува:
- Пешачка тура низ Измир со локален водич на англиски јазик (посета на Кемералти базар, Саат кулата, Кордон) – 35 € по лице
- Целодневна факултативна посета на Aлачати и Чешме со посета на Винарија во Урла со водич– 65 € по лице/ согласно програма (за минимум 15 лица - без ручек)
- Целодневна факултативна посета на Ефес со локален водич на англиски јазик и посета на Куќата на Богородица ( вклучен ручек во локален ресторан) – 95 € по лице (за минимум 15 лица - без вклучени влезници)
- Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
- Бакшиш за возач и водич/ екскурзија
- Индивидуални трошоци
- Се што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
- Доплата за еднокреветна соба 130€
- Трето лице во трокреветна соба – 10% попуст
Напомени и услови:
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби
- За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд)
- За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот е 10 дена пред термин на поаѓање
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој во сообраќајот, доцнење на летот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување се прави до 5 дена пред термин на патување, плаќање на излетите се прави на лице место
- Организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени лица за факултативите, истите да ги откаже или да ја зголеми цената
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање поради недоволен број на патници или виша сила
- Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер