Бразил - Рио де Жанеиро
Опис
Индивидуална програма - Период на патување 11-19.02.2026 / Период на престој 12-17.02.2026 (5ноќи)
БРАЗИЛ – Земја која се чини дека има сè! Зелени дождовни шуми и долги песочни плажи. Тиркизни води и живи градови. Земја на бескрајна радост и живописна убавина, каде што музиката, танцот и фудбалот се сè! Од меѓународно признати спортски настани до глобално признати модни недели и масовно популарни прослави како Карневалот, секој настан е неспоредлива прослава. Истражете ги со нас културното богатство, фасцинантната музика и топлото гостопримство на Бразил.
Забавата само што не започнала, а Вие сте наш почесен гостин!
Незаборавни искуства и спектакуларни погледи се тука околу секој агол, па затоа не ја пропуштаме можноста да наздравиме со националниот коктел, каипириња, во еден од најпопуларните градови во светот.
Цена по лице 1855 еур
Напомени
Детали од лет
TK1004 11FEB SKPIST 0915 1250 // TK 215 11FEB ISTGRU 2030 0410+1
G31070 12FEB GRUGIG 1400 1510
G31099 17FEB GIGGRU 2045 2205
TK 016 18FEB GRUIST 0410 2235 // TK1003 19FEB ISTSKP 0855 0825
11.02.2026 – Пристигнување на аеродром 2ч. пред лет, во 07:15ч. Индивидулано чекирање на шалтер на Turkish Airlines. Полетување од Скопје во 09:15ч. со пристигнување во Истанбул во 12:50ч. и лет кон Сао Паоло во 20:30.
12.02.2026 – Пристигнување во Сао Паоло во 04:10ч. Check in за лет за Рио де Жанеиро. Полетување во 14:00 и пристигнување во 15:10ч. Организиран трансфер до хотел и check in. Ноќевање
12.02 – 16.02.2026 - Слободно време за индивидуални активности и можност за факултативни екскурзии дополнително на барање. Наша препорака за слободно време е прошетка низ најпознатите плажи на светот – Копокабана и Ипанема. Дали навистина сте биле во Рио ако не сте посетиле една од неговите познати плажи? Копакабана е пожива, додека Ипанема се смета за побезбедна, почиста и има покласични ресторани и барови. На плажата, изнајмете столче и можеби чадор за сонце, закопајте ги прстите на нозете во мекиот бел песок и сте подготвени за совршен ден за лежерно поминување на времето. Тука, разни продавачи ќе се обидат да ви продадат сè, од бикини, плажни саронзи и накит до чипс, овошје и печено сирење. Можете исто така да нарачате ледено ладни свежи кокосови ореви, пива или вкусни овошни каипирини кои ви се доставуваат од киосци на плажа наречени баракас. Сето ова без да морате дури и да станете од столчето! Ако барате поактивен начин да ги доживеете плажите, придружете им се на многуте сурфери, џогери или играчи на одбојка на плажа.
17.02.2026 - Појадок и check out од хотел. Трансфер до аеродром. Полетување од Рио де Жанеиро во 20:45 и пристигнување во Сао Паоло во 22:05.
18.02.2026 - Check in за лет за Истанбул / Скопје. Полетување од Сао Паоло во 04:10 и пристигнување во Истанбул 22:35ч.
19.02.2026 – Полетување од Истанбул во 08:55 и слетување во Скопје 08:25ч.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
- Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно итенерер
- Внатрешна авионска карта САО ПАОЛО –РИО – САО ПАОЛО
- 5 ноќи во хотел Intercity Porto Maravilha 4* или сличен на услуга ноќевање со појадок
- Трансфери аеродром-хотел-аеродором согласно итенерери на целосна авионска карта
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Се што не е наведено во цената вклучува
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Се што не е наведено во цената вклучува
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер