ЛЕГО ЛЕНД – МЕМИНГЕМ
Опис
Авионска програма 09.10 –12.10.2026
FIRST MINUTE!
ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 499 евра (30 940 денари)
Програма
ДЕН 1 – 09.10.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – МЕМИНГЕМ
Состанок на аеродромот во Скопје, два часа пред летот за добивање инструкции, check in и пасошки процедури. Полетување кон Мемингем со компанијата WIZZ AIR (летот е планиран за во 07:00 часот) и пристигнување во срцето на европската магија согласно планираниот распоред во 09:05 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Слободно време за прва прошетка низ овој шармантен баварски град кој е познат по својата добро сочувана средновековна архитектура, живописните улици, историските плоштади и традиционалната германска атмосфера. Ноќевање.
ДЕН 2 – 10.10.2026 (Сабота) – LEGOLAND
Ден предвиден за посета во еден од најпознатите забавни паркови за деца во Германија - LEGOLAND Deutchland. Паркот се наоѓа во близина на градот Гинцбург и претставува совршена дестинација за целото семејство, каде светот на LEGO коцките оживува преку неверојатните минијатури, тематски зони и бројните атракции. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во фантастичните LEGO градови, возбудливите возења и магичната атмосфера која го право овој парк една од најпосетуваните семејни атракции во Европа. Продолжуваме со посета на Pepa Pig Park тематски парк создаден специјално за најмладите посетители и љубители на популарниот лик Пепа Прасе. Паркот нуди весела атмосфера, интерактивни игри и атракции инспирирани од светот на Пепа. Слободно време за индивидуални уживања во паркот и користење на атракциите Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 3 – 11.10.2026 (Недела) – Посета на Минхен - престолнината на Баварија
Ден предвиден за факултативна посета на Минхен - главен град на Баварија и еден од најпознатите и најпосетуваните градови во Германија. Се упатуваме со јавен превоз кон Минхен.
Минхен е град со богата историја, прекрасна архитектура и претпознатлива баварска традиција. Прошетката започнува од централниот плоштад Marienplatz, срцето на градот, каде се наоѓа новата градска куќа со нејзиниот познат часовник. Во текот на денот ќе имате можност да ги посетите најзначајните знаменитости: Frauenkirche, историскиот центар, Viktualienmarkt, старите градски улици и традиционалните баварски локали. Слободно време за индивидуална прошетка, шопинг и уживање во атмосферата на овој прекрасен европски град. Во договорено време враќање во Меминген. Ноќевање.
ДЕН 4 – 12.10.2026 (Понеделник) – Враќање во Скопје
Ден предвиден за напуштање на хотелот во утринските часови и организиран трансфер до аеродромот во Мемингем. Летот Мемингем - Скопје е во 14:50. Крај на програмата.
Напомени
Цената вклучува:
- Повратна авионска карта на релација Скопје-Мемингем-Скопје со компанијата Wizz Air,
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (ранец) со димензии 40х30х20cm (вклучувајќи рачки и тркала),
- Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром,
- 3 ноќевања во хотел B&B Memmingem 3*** или сличен
- Комплетна организација со стручен водич на патувањето (на мин. 10 пријавени патници),
- Резервација на место со минимална уплата од 6 000 денари по лице.
- Карта за Legoland паркот
- Попуст за прво дете - 50 евра (дете до 11,99 години)
- Попуст за второ дете - 100 евра (дете до 11,99 години)
Цената не вклучува:
- Патничко здравствено осигурување – 350 денари
- Туристичка такса во хотелот 10 евра по лице (вкупно за сите ноќевања),
- Доплата за седиште во авион – 70 евра,
- Доплата за куфер од 15кг. во авион – 90 евра,
- Доплата за куфер од 20кг. во авион – 120 евра,
- Факултативни екскурзии:
- Посета на Минхен - 80 евра
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 10 патници