×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




БАРСЕЛОНА Christmas Market

Опис

05.12 – 08.12.2026

Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот – живописен град што зрачи со уметност, култура и космополитска енергија. Во декември, таа добива посебна празнична атмосфера, станувајќи уникатна дестинација за оние што сакаат да ги поминат зимските денови во топла, но и возбудлива средина.

Градот пулсира со живот и во зимскиот период – улиците се украсени со светилки и новогодишни декорации, а плоштадите и малите улички се претвораат во шармантни божиќни пазари. Топлото медитеранско сонце и пријатните температури – кои ретко паѓаат под 15°C – создаваат идеални услови за прошетки, разгледување и релаксација на отворено.

Саграда Фамилија, Парк Гуел, Каса Батљо и Ла Педрера се само дел од културното богатство што го нуди градот. За љубителите на гастрономијата, декември во Барселона нуди совршен повод да се запознаете со локалните вкусови – од традиционални каталонски јадења и тапаси, до празнични специјалитети како „turrón“ и „roscón de reyes“.

399 € по лице 

80 € за деца до 2 години

Напомени


Програма

05.12.2026

•  Полетување од Скопје за Барселона во 17:20 часот, пристигнување во 20:10 часот.

•  Организиран трансфер до хотелот и сместување.

•  Опционално вечерно дружење на некој од Christmas market-ите со топло вино.

06.12.2026

•  Појадок.

•  Панорамска прошетка со локален водич (~4 часа): Саграда Фамилија, Катедралата, Плоштад Каталуња, Ла Рамбла, Poble Espanyol и Монжуик.

•  Можност за факултативна посета на Аквариумот и на божиќниот пазар Fira de Santa Llúcia.

07.12.2026

•  Појадок.

•  Слободно време или факултативни посети: Камп Ноу, Готска четврт, Парк Гуел.

•  Можност за посета на Fira de Nadal del Port Vell и тапас вечер.

08.12.2026

•  Појадок и одјава.

•  Можност за факултативна посета на Музеј Дали + Герона, Парк Тибидабо, Парк Циутадела или плажата Ла Барселонета.

•  Организиран трансфер до аеродром и полетување за Скопје во 20:55 часот.

Факултативни излети

Барселона Панорамика   65 € (деца до 12: 35 €)
Целодневен излет со автобус и пешачка тура: ридот Монжуик, Пуебло Еспањол, Плаза Еспања, Пасео де Грасија со куќите на Гауди и Саграда Фамилија.

Готска Четврт   30 € (деца 2–12: 20 €)
Прошетка низ најстариот дел на Барселона – Готската катедрала, Плоштадот Рејал и остатоците од римскиот град Барцино.

Аквариум Барселона   35 € (деца 2–10: 30 €)
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот – 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови.

Посета на Парк Гуел   23 €
Прошетка низ едно од највпечатливите ремек-дела на Антони Гауди, со шарени мозаици и панорамски погледи кон градот.

Парадокс музеј   20 €
Забавно и волшебно место каде ништо не е како што изгледа – идеално за целото семејство.

Целодневна авантура во Порт Авентура   50 €
Еден од најголемите забавни паркови во Европа – ролеркостери, водени слајдови и ликови од Sesame Street.

Чоколаден музеј   9 €
Дознајте како се прави чоколадо – од зрно до чоколадно табло, со можност сами да направите чоколадни форми.

Барселона Зоолошка   23 €
Над 2.000 животни од целиот свет, игралишта и едукативни зони за целото семејство.

Во цената е вклучено

✓  Повратен авионски лет од Скопје

✓  Аеродромска такса

✓  3 ноќевања со појадок во Arya 3*

✓  Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

Во цената не е вклучено

✗  Туристичка такса 5,50 евра по лице / ден

✗  Факултативни излети

✗  Патничко осигурување

✗  Локален транспорт: метро или автобуски билети

Дополнителни информации

•  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

•  Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.

•  Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.

•  Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.

•  При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.

•  Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.

•  Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.

•  Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.

•  Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.