АНДАЛУЗИЈА
Опис
21.10 – 25.10.2026 групна програма
Андалузија – сончевиот бисер на јужна Шпанија, регион на уметност, историја и автентичен медитерански шарм. Еден од најбогатите и најразновидни региони во Европа, Андалузија нуди совршен спој на море, култура и гастрономија, каде традицијата и современиот дух живеат во хармонија.
Регионот е дом на импресивно културно наследство – од маварски палати, тврдини и римски споменици, до величествени катедрали, историски градови и светски познати уметници. Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, Андалузија привлекува со своите долги плажи, топло море и жив ритам на живот.
Патувањето ги опфаќа Севиља – домот на кралските палати и фламенкото, Ронда – драматичен град поставен над кањон, Гранада – со величествената Алхамбра, Марбеља – елеганција покрај морето и Малага – престолнината на Коста дел Сол и роден град на Пабло Пикасо.
549 € по лице
80 € за деца до 2 години
Напомени
21.10.2026
• Собир со групата во Скопје и тргнување кон Тирана.
• Полетување за Малага во 17:25 часот, слетување во 20:50 часот. Ноќевање.
22.10.2026
• Посета на Марбеља – старата чаршија, плоштадите и марината.
• Продолжување кон Ронда – мостот Puente Nuevo, арената за корида, арапските бањи и палатата Mondragón.
23.10.2026
• Појадок.
• Целодневна посета на Севиља – Катедралата со гробницата на Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула и Плоштад Шпанија.
24.10.2026
• Појадок.
• Целодневна посета на Гранада и величествената Алхамбра – маварски палати, тврдини и Генералифе градините.
25.10.2026
• Појадок и напуштање на собите.
• Краток разглед на Малага – Катедралата, Римскиот театар и Calle Larios.
• Трансфер до аеродромот. Полетување за Тирана во 21:35 часот, слетување во 00:50 часот.
Факултативни излети
Марбеља и Ронда 85 €
Целодневна тура: старата чаршија и марината во Марбеља, потоа Ронда со мостот Puente Nuevo, арената за корида, арапските бањи и палатата Mondragón.
Севиља 100 €
Катедралата со гробницата на Кристофер Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула, Паркот Марија Луиза и Плоштад Шпанија.
Гранада 85 € + доплата за влезница во Алхамбра 45 €
Целодневна посета на Алхамбра со маварските палати, тврдините и Генералифе градините, со локален водич.
Малага 40 €
Катедралата, Римскиот театар, старата чаршија Calle Larios и панорамски поглед на тврдините Алкасаба и Гибралфаро.
Пакет за сите факултативи 315 € наместо 355 €
Комбиниран пакет за сите четири екскурзии по попустена цена.
Во цената е вклучено
| ✓ Трансфер Скопје – Тирана – Скопје ✓ Повратен авионски лет од Тирана со рачен багаж ✓ Аеродромска такса ✓ 4 ноќевања со појадок во Tent Torremolinos 3* ✓ Продолжен појадок до 13:30 часот ✓ Придружник од агенцијата ✓ Трансфер од аеродром – хотел – аеродром |
Во цената не е вклучено
| ✗ Туристичка такса по лице / ден ✗ Факултативни излети ✗ Патничко осигурување ✗ Локален транспорт: метро или автобуски билети |
Дополнителни информации
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
• Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
• Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
• Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
• При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
• Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
• Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
• Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.