×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ВАЛЕНСИЈА + МАДРИД

Опис

09.10 – 14.10.2026

Доживејте две од највпечатливите шпански дестинации во едно незаборавно патување. Започнете во Валенсија – град кој совршено ги спојува модерната архитектура, златните плажи, богатата историја и вкусната медитеранска кујна. Прошетајте низ стариот град, посетете го спектакуларниот комплекс „Град на уметностите и науките“ и уживајте во автентичната паеља, која токму тука го има своето потекло.

Патувањето продолжува во Мадрид – енергичната престолнина на Шпанија, позната по своите величествени булевари, кралски палати, светски познати музеи и живописни плоштади. Истражете ја богатата култура, уживајте во традиционалните тапаси и почувствувајте ја уникатната атмосфера што го прави овој град една од најпосетуваните европски метрополи. Овој конектиран city break е идеален избор за сите кои сакаат да искусат две различни лица на Шпанија – медитеранската опуштеност на Валенсија и динамичниот ритам на Мадрид – во едно комплетно и незаборавно патување.

699 € по лице

Еднокреветна (SGL) соба: 999 € 

95 € за деца до 2 години

Напомени


Програма

09.10.2026

•  Поаѓање околу 12:00 часот од Скопје со организиран автобуски превоз до Тирана.

•  Лет Тирана – Валенсија (19:00 – 22:00).

•  Трансфер до хотелот, сместување и ноќевање.

10.10.2026

•  Појадок.

•  Слободен ден или можност за факултативна пешачка тура „Валенсија низ историјата“ – Torres de Serranos, Plaza de la Virgen, Катедралата, кварт Barrio del Carmen, Централниот пазар и Градот на уметностите и науките.

11.10.2026

•  Појадок.

•  Слободен ден или можност за целодневен факултативен излет до Бенидорм и Аликанте – тврдината Санта Барбара, кварт Santa Cruz и шеталиштето Esplanada de España.

•  Враќање во Валенсија во попладневните часови. Ноќевање.

12.10.2026

•  Појадок.

•  Патување со брз воз до Мадрид и сместување во хотел.

•  Слободно време или можност за организирана вечерна посета на традиционално Фламенко шоу.

13.10.2026

•  Појадок.

•  Можност за целодневен факултативен разглед на Мадрид: Gran Vía, Фонтаната Сибелес, Puerta de Alcalá, паркот Ретиро, музејот Прадо, Plaza Mayor и Puerta del Sol.

14.10.2026

•  Појадок и одјавување од хотелот.

•  Слободно време или можност за посета на Кралската палата и стадионот Сантјаго Бернабеу.

•  Организиран трансфер до аеродромот. Лет Мадрид (полетување 21:25) – Скопје (слетување 00:50).

Факултативни излети

Валенсија низ историјата   35 €
Пешачка тура низ старото градско јадро на Валенсија – Torres de Serranos, Plaza de la Virgen, Катедралата, кварт Barrio del Carmen, Централниот пазар и Градот на уметностите и науките.

Бенидорм и Аликанте   80 €
Целодневен излет по крајбрежјето Costa Blanca со посета на Бенидорм, тврдината Санта Барбара во Аликанте и шеталиштето Esplanada de España.

Пешачка тура во срцето на Мадрид со водич   35 €
Четиричасовна тура со водич: Plaza de España, споменикот на Сервантес, Gran Vía, Calle Mayor, Puerta del Sol и Plaza de Cibeles.

Кралска палата во Мадрид   40 €
Разглед на една од најголемите кралски резиденции во Европа – кралски сали, уметнички галерии и церемонијални простории.

Фламенко шоу   од 35 €
Традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст (цена зависи од достапност на влезници).

Сантијаго Бернабеу   45 €
Посета на стадионот на Реал Мадрид – музеј, соблекувални и тунелот на играчите, каде играле некои од најдобрите фудбалери во историјата.

Во цената е вклучено

✓  Организиран автобуски трансфер Скопје – Тирана

✓  Авионски билет Тирана – Валенсија

✓  Авионски билет Мадрид – Скопје

✓  Трансфер аеродром – хотел во Валенсија

✓  Трансфер хотел – аеродром во Мадрид

✓  Билет за брз воз Валенсија – Мадрид

✓  3 ноќевања со појадок во Hotel Beleret 3* – Валенсија

✓  2 ноќевања со појадок во Hotel Porcel Torre Garden 3* – Мадрид

✓  Лиценциран водич

Во цената не е вклучено

✗  Туристичка такса за хотелот во Валенсија (се плаќа на рецепција)

✗  Факултативен излет „Валенсија низ историјата“ – 35 €

✗  Факултативен излет Бенидорм и Аликанте – 80 €

✗  Факултативен разглед на Мадрид – 35 €

✗  Фламенко шоу – од 35 € (зависно од место, вклучен пијалак)

✗  Влезници: Сантијаго Бернабеу 45 € и Кралска Палата 40 €

✗  Патничко осигурување (се препорачува)

✗  Метро / локален превоз

Дополнителни информации

•  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

•  Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.

•  Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.

•  Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.

•  При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.

•  Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.

•  Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.

•  Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.

•  Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.