×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




СИЦИЛИЈА- ИТАЛИЈА

Опис

Датум на престој 07.09-11.09.26 (5 дена/ 4 ноќевања)

Индивидуална програма

Сицилија е најголемиот остров во Медитеранот, кој географски ѝ припаѓа на Италија, но со својата историја, традиција, кујна и начин на живот претставува свет сам за себе. Овој магичен остров, опкружен со водите на Јонското, Тиренското и Средоземното Море, плени со својата разновидна природа, вулкански пејзажи, прекрасни плажи, лозови насади и живописни гратчиња со автентичен медитерански шарм. Сицилија е вистински музеј на отворено, каде се испреплетуваат траги од старогрчката, римската, византиската и шпанската цивилизација. Од антички театри и барокни градови, до традиционални рибарски населби и мирисот на лимони и маслинки – секој дел од островот раскажува своја приказна. Сицилија е дестинација која се доживува со сите сетила – преку вкусот на традиционалната кујна, мирисот на морето и цитрусите, звуците на италијанскиот југ и прекрасните пејзажи кои засекогаш остануваат во сеќавање.

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА 599€

Напомени


Детали од лет
SEP 7 Skopje – Palermo (Sicily) 19:55 - 22:00 (W6 4775)
SEP 11 Palermo (Sicily) – Skopje 21:10 - 22:50 (W6 4776)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Палермо-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфери според програмата
  • Сместување во хотел 3* во Палермо на база 4ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
  • Факултативни излети
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето