БАРСЕЛОНА Октомври
Опис
10.10 – 13.10.2026
Доколку барате идеална дестинација за есенско бегство, Барселона во октомври е вистинскиот избор. Со пријатни температури, сончеви денови и значително помалку гужви отколку во летната сезона, овој медитерански град нуди совршен баланс помеѓу релаксација, култура и забава.
Прошетајте низ живописниот Готски кварт, восхитувајте се на уникатната архитектура на Гауди, посетете ја величествената Саграда Фамилија и уживајте во прошетка по Ла Рамбла. Октомври е идеален и за уживање во локалната гастрономија, шопинг и кафе на сонце покрај морето, без летните горештини.
Без разлика дали патувате со партнерот, семејството или пријателите, Барселона ќе ве освои со својата енергија, богата историја и медитерански шарм. Искористете ја можноста за незаборавен city break во неговото најпријатно есенско издание
439 € по лице
80 € за деца до 2 години
Напомени
Програма
10.10.2026
• Поаѓање и лет Скопје – Барселона (18:00 – 20:50).
• Организиран трансфер до хотелот и сместување.
• Слободно време за вечерна прошетка.
11.10.2026
• Појадок.
• Панорамски разглед на Барселона со локален водич: Саграда Фамилија, Passeig de Gràcia, Plaça de Catalunya, Ла Рамбла, Катедралата и Монжуик.
• Можност за факултативна посета на Аквариумот.
12.10.2026
• Појадок.
• Слободен ден или факултативна пешачка тура низ Готскиот кварт: Santa Maria del Mar, Кралскиот плоштад, Plaça Reial и Mercat de la Boqueria.
• Продолжување кон Park Güell.
13.10.2026
• Појадок и одјавување.
• Можност за факултативна пешачка тура: Camp Nou, Триумфалната порта, Парк Циутадела и плажата Барселонета.
• Организиран трансфер до аеродромот. Лет Барселона – Скопје (21:40 – 00:25).
Факултативни излети
Барселона Панорамика 65 € (деца до 12: 35 €)
Целодневен разглед со автобус и пешачка тура: Монжуик, Poble Espanyol, Магичните фонтани, Пасео де Грасија, Саграда Фамилија и Порт Вел, со факултативна посета на аквариумот.
Аквариум Барселона 35 € (деца 2–10: 30 €)
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот – 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови.
Готска Четврт 35 € (деца 2–12: 20 €)
Прошетка низ најстариот дел на Барселона – Готската катедрала, Плоштадот Рејал и остатоците од римскиот град Барцино.
Посета на Парк Гуел 23 €
Прошетка низ едно од највпечатливите ремек-дела на Антони Гауди, со шарени мозаици и панорамски погледи кон градот.
Пешачка тура низ Барселона 15 €
Camp Nou – Arc de Triomf – Parc de la Ciutadella – La Barceloneta.
Во цената е вклучено
| ✓ Авионски билет на релација Скопје – Барселона – Скопје ✓ Аеродромска такса ✓ 3 ноќевања со појадок во хотел Arya 3* ✓ Трансфер од аеродром – хотел – аеродром |
Во цената не е вклучено
| ✗ Туристичка такса за хотелското сместување (се плаќа на рецепција) ✗ Факултативни излети ✗ Патничко осигурување ✗ Локален транспорт: метро или автобуски билети |
Дополнителни информации
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
• Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
• Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
• Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
• При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
• Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
• Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
• Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.