×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




EES и ETIAS

=

Почитувани клиенти и колеги на агенцијата Војажер Туристик Сервис,

Би сакале да ве информираме за стапувањето во сила на новите правила за влез во земјите од Шенген зоната, кои ќе важат од 12 октомври 2025 година.

EES и ETIAS се автоматизирани ИТ системи за евидентирање и следење на лични податоци на граѓани на земји надвор од Европската Унија, кои ги преминуваат границите на Шенген зоната.

EES (Entry Exit System)

Систем за дигитално евидентирање на влезови и излези од Шенген зоната и идентификација на лица кои го надминуваат дозволениот престој

Се однесува на сите граѓани на земји надвор од Европската Унија, кои влегуваат/излегуваат од Шенген зоната за краткорочен престој (до 90 дена)

Ја зајакнува внатрешната безбедност и борбата против нелегалната имиграција

Ги исполнува највисоките стандарди за заштита на податоци и приватност

Стапува во сила на 12 октомври 2025 година

EES постепено ќе се воведува на надворешните граници помеѓу 12 октомври 2025 година и 9 април 2026 година, а ќе стане целосно оперативен од 10 април 2026 година

Забелешка: Не е потребна постапка пред заминување. Регистрацијата се завршува на аеродромот/граничниот премин при влегување во Шенген зоната.

ETIAS ((European Travel Information and Authorisation System)

Потребна е дозвола за патување за влез во земјите од Шенген зоната

Важи за сите граѓани на земји надвор од Европската Унија, кои влегуваат/излегуваат од

Шенген зоната

Важи 3 години

Цена: 20 евра

Барањето мора да се поднесе, пред поаѓање, исклучиво на официјалната веб-страница: europa.eu/etias 

Влегува во сила во последниот квартал од 2026 година

Забелешка: Доколку патникот не креирал ETIAS пред поаѓање, тој ќе биде блокиран на аеродромот на поаѓање/граничниот премин и нема да може да го продолжи патувањето.

Повеќе информации на:

EES: https://travel-europe.europa.eu/en/ees

ETIAS: https://travel-europe.europa.eu/etias

 

 Земји на кои им е потребна дозвола ETIAS за влез во 29-те земји од Шенген зоната простор: