×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




САРДИНИЈА

Опис

Авионска програма 18-25.08.2026

Скриениот бисер на Италија, со сите нијанси на море - Сардинија . Сместена во средината на Средоземното Море и е опкружена со многу мали острови. Од западната страна ја заплискува Сардиниското Море, а помеѓу Сардинија и Италија се простира Тиренсксото Море. Главниот и најголем град на Сардинија е Каљари.

Сардинија со години претставува едно од најелитните и најпопуларните летувалишта во Европа. Во текот на својата бурна историја, многу народи го освоиле овој остров, оставајќи свои траги и влијанија кои се обединиле во единствен спој на култура и менталитет. Токму поради тоа, гордите жители на Сардинија велат дека ова е држава за себе.

Сардинија е единствен медитерански остров со недопрена природа, прекрасни бели плажи, смарагдно сино море, гламурозна ривиера..... Еден остров и милион епитети... 

Цена на аранжманот по лице, во двокреветна соба:        

Хотел Catalunya 4* во центарот на Алгеро
https://www.hotelcatalunya.it/en/
7 Ноќевања со појадок
999 Евра

Хотел Piccolo Pevero 3* Голфо Певеро во близина на Порто Черво
https://www.piccolopevero.it/en/
7 Ноќевања со појадок
1399 Евра

Хотел Colonna Park 4* Порто Черво
https://www.colonnaparkhotel.it/
7 Полупансиони (Појадок и Вечера)
1999 Евра

Напомени


18. Август (Вторник) СКОПЈЕ - АЛГЕРО или ГОЛФО ПЕВЕРО или ПОРТО ЧЕРВО
Полетување за Алгеро во 18:10 и пристигнување во 20:15 часот. Трансфер (околу 150 km) до Голфо Певеро, во зоната на Коста Смералда – „Смарагдниот брег“, најпознатиот дел на италијанскиот брег и едно од најелитните и најпопуларните летувалишта во Европа. Брегот е полн со прекрасни песочни плажи, кристално чисто море, бујна медитеранска вегетација и живописни места. Пристигнување во избраниот хотел и сместување. Ноќевање.

19.-24. Август АЛГЕРО или ГОЛФО ПЕВЕРО или ПОРТО ЧЕРВО
Појадок. Денови за уживање на прекрасните плажи, прошетки, факултативни излети...Ноќевање.

 25. Август (Вторник) АЛГЕРО - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Организиран трансфер до Аеродромот во Алгеро. Полетување во 20:50 и слетување во Скопје во 22:50 часот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје- Алгеро- Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
  • Организиран трансфер од аеродромот во Алгеро до хотел
  • Сместување во избраниот хотел за 7 ноќевања на база ноќевање со појадок или полупансион (појадок и вечера)
  • Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Кабински багаж или багаж за чекирање
  • Факултативни излети
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ: 

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето