×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




МАУРИЦИУС

Опис

Редовна индивидуална програма со лет од Скопје

Датум на патување: МАРТ / АПРИЛ / МАЈ 2025 (7ноќи)

Маурициус е вистинскиот избор за сите оние кои посакуваат рекреација и спорт во својата авантура. Ова е дестинација која ќе ги задоволи и најпребирливите авантуристи затоа што нуди врвно планинарење, kite surfing и нуркање. Целиот остров е опкружен со масивен корален гребен и претставува вистинско уживање за искусни нуркачи. Покрај прекрасните плажи и лагуни кои се заштитен знак на островот, внатрешноста е богата со прашуми, водопади, планинарски стази и див свет. Зелените шуми обезбедуваат дом за ретки растителни и животински видови, како што е летечката лисица која може да се сретне само тука. Во прочуениот парк Касела (Casela) ќе доживееме сафари авантура и ќе видиме зебри, камили, лавови, тигри, на плажата Тамарин (Tamarin) ќе видиме делфини и китови, а во селото Чамарел (Chamarel) и џиновски желки

Лоциран во Индискиот Океан во јужната планетарна хемисфера, близу Мадагаскар, Маурициус е едно од оние места кои фасцинираат, таму каде што се мешаат минатото и сегашноста … таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонски знаменитости … таму, каде што плажите се бескрајни … каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови… се вовлекуваат под кожа и ќе ве натераат да се чувствувате магично. 



Галерија

Цени


Хотел Услуга Тип на соба Цена
МАРТ 2025 Период на престој 10.03-17.03.2025 АПРИЛ 2025 Период на престој 03.04-10.04.2025 МАЈ 2025 Период на престој 06.05-13.05.2025
Aanari Hotel & Spa 3* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба 1.560 € 1.560 € 1.610 €
Anelia Resort & Spa 4* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба 1.750 € 1.750 € 1.690 €
Hilton Mauritius Resort & Spa 5* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба 2.180 € 2.320 € 2.150 €

Напомени


Детали од лет
TK1006  SKPIST 2035 0015+1 // TK 176  ISTMRU 0215 1305
TK 177  MRUIST 2035 0555+1 // TK1003  ISTSKP 0810 0745   

Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта). Можност за индивидуални дати на патување на барање.

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Маурициус-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
  • Аеродромски такси;
  • 7 ноќевања во наведениот хотел, наведен тип на соба / наведена услуга ПП – ПОЛУПАНСИОН;
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром.

Цената не вклучува:

  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Задолжителен пополнување на PLF форма за влез на Маурициус;
  • Факултативни тури;
  • Други индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување;
  • Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.

Услови:

• При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 20 дена пред поаѓање. • Понудата важи за минимум 2 пријавени патници – индивидуален програм • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација • За ова патување не се потребни медицински имунизации • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата. • Задолжително патничко осигурување

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ