×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Турска тиркизна ривиера 27.08-03.09

Опис

Турска тиркизна ривиера - место каде што се спојуваат Егејското и Медитеранското Море МАРМАРИС – РОДОС – БОДРУМ

ПЕРИОД 27.08-03.09/ ПРЕСТОЈ 27.08-02.09 (6 НОЌИ) 

First minute / ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ – 999 ЕУР (до 25.07)
За резервации по 25.07 – ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 1,099 ЕУР


Напомени


ХОТЕЛИ 5* НА БАЗА СЕ ВКЛУЧЕНО
Ги посетуваме бисерите на Егејско море на Турска ривиера и одмараме во одлични 5* хотели во Мармарис и Бодрум, на база СЕ ВКЛУЧЕНО, со посета на митскиот Родос.

Мармарис е медитерански туристички град долж Турската ривиера, со долга плажа со камчиња и шеталиште покрај морето. Познат е по својот жив ноќен живот на улицата Бар, каде што се наоѓаат клубови на отворено и нуди еднен поинаков одмор ова лето.

Бодрум е најживописниот дел на Турција, вистински туристички бисер со долга историја и традиција - тој е турскиот Сaн Тропе. Овој прекрасен зелен полуостров нуди многу повеќе од класичен одмор - нас ни се допаѓа малиот, рустикален Гумушлук, место Гумбет во близина на центарот на градот, Yalikavak марината за луксуз и прошетка, центарот на Бодрум со кулата, малото шеталиште со пазарот и калдрмести тесни цветни улички....
За време на одмор вклучена е посета на островот РОДОС и посета на град РОДОС со фери брод од пристаништето на Мармарис. Родос е најголемиот од грчките острови Додеканези, а градот Родос има Стар Град со средновековната Улица на витезите и Палатата на Големите Мајстори, слична на замок. Овој град е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

ЕДЕН ПОИНАКОВ ОДМОР со ВОЈАЖЕР ТУРИСТИК СЕРВИС! 

Во цената е вклучено

  • Авионска карта СКОПЈЕ-БОДРУМ-СКОПЈЕ со вклучен багаж од 20 кг
  • 27.08 SKP-BJV 03:20 - 05:40// 03.09 BJV-SKP 23:59 - 00:30
  • 27.08 Трансфер аеродором Бодрум-Хотел Мармарис (околу 2 часа)
  • 27.08-30.08 / 3 ноќи во хотел во Мармарис (BLUE BAY PLATINUM 5* или сличен)/ тип на соба стандардна двокреветна/ услуга СЕ ВКЛУЧЕНО (согласно политика на хотелот)
  • 30.08-02.09 / 3 ноќи во хотел во Бодрум (ROYAL ASARLIK 5* или сличен)/ тип на соба стандардна двокреветна/ услуга СЕ ВКЛУЧЕНО (согласно политика на хотелот)
  • 30.08 Трансфер хотел Мармарис – хотел Бодрум
  • 02.09 Трансфер хотел Бодрум – аеродором Бодрум
  • Check-in/ check-out согласно политика на хотелот (после 14 часот влез во соби/ напуштање до 12 часот)
  • Трансфер од-до хотел во Мармарис и пристаниште Мармарис за посета на остовот Родос (главниот град Родос)
  • Карта за фери МАРМАРИС-РОДОС-МАРМАРИС

Во цената не е вклучено

  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба (500 ЕУР за цел период)
  • Градска тура Бодрум со посета на стариот Град, Марината, Калето тврдината и панорамска прошетка до ветерниците на Бодрум – 40 еур по лице
  • Бодрум ноќе – посета на малиот, рустикален Гумушлук, со позната репутација за приморски рибни ресторани и вкусна кујна и Yalikavak марината за луксуз и прошетка – 40 еур по лице
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Се што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА 

Цена е валидна за минимум 16 лица – согласно моментално слободни места за резервација