×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дубаи

Дубаи е еден од седумте Емитрати кои во 1971 година ја формираа државата Обединети Арапски Емирати. За разлика на Абу Даби, кој е седиште на нафтената индустрија и на сите владини институции, Дубаи прерасна во главен трговски центар, во кој туризмот се развива со вртоглава брзина. Дубаи поседува необичен спој на старото и новото, Исток и Запад, постоејќи во еден совршен склад. Општи информации - Локално време е плус 3 часа во однос на Македонија, Валута – ДИРХАМ. Ако сте во потрага за одмор или за забава, тука ќе најдете прекрасни услови за спортување и за забава, од голф и спортови на вода до сафари во пустината и крстарење со традиционални дрвени бродови по заливот, крикот на Дубаи. Или едноставно може да уживате во текот на цела година во сонцето и плажите на Дубаи. Дубаи е рај за шопингхоличарите. Златен накит, дизајнерски креации, најнов збор на електрониката и што уште не може да најдете тука, поминувајќи низ продавниците на старите пазари, како и во луксузните трговски центри. Семејствата со деца ќе откријат дека тука има многу места каде што може да забавува целото семејство - Creekside Park, водениот парк Wilde Wadi, универзалниот парк Wonder Land, зоолошката градина и многу други занимации. На крајот на денот, Ве очекуваат илјадници ресторани, кои Ви нудат богат избор на јадења и пијалоци за сечиј вкус. Не заборавајте дека алхохолот во арапскиот свет се нуди на ограничен број места, ресторани и хотели и најчесто е многу скап. Дубаи е местото каде што секогаш можете да најде нови работи и места за посета, без оглед колку пати сте го посетувале. Ова е град кој постојано се развива и каде постојано изникнуваат нови и модерни згради пред Вашите очи.