Кападокија Октомври
Опис
ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 22-26.10.2026 (4 НОЌИ)
Кападокија е еден од најнеобичните региони во Турција, познат по своите фантастични вулкански пејзажи, „самовилски оџаци“, подземни градови и пештерски куќи издлабени директно во меката карпа. Низ вековите, тука се менувале бројни цивилизации, па целиот регион денес претставува уникатен спој на природа, историја и култура. Интересен факт е што дел од пејзажот на Кападокија бил создаден пред милиони години од вулкански ерупции, а подоцна ветерот и дождот ги обликувале денешните чудесни карпести формации. Токму затоа Кападокија често изгледа како сцена од друг свет.
Ова патување е можност Кападокија да се доживее во вистински ритам – со организирани разгледи, локални искуства, време за одмор и доволно простор за самостојно истражување.
Кападокија не е само дестинација – таа е пејзаж, приказна и доживување во едно.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 EUR по лице
Напомени
Детали од лет:
- 22.10 Скопје – Истанбул - Кападокија
VF 264 22OCT SKPSAW 1420 1650 / VF3272 22OCT SAWNAV 1950 2105
- 26.10 Каисери – Истанбул – Скопје
VF 3171 26OCT ASRSAW 0930 1100 / VF 263 26OCT SAWSKP 1420 1355
Програма за патувањето:
22.10/26 – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАПАДОКИЈА
Полетување од Скопје и патување преку Истанбул кон Кападокија. По пристигнувањето следува организиран трансфер до Signature Ortahisar 4★, сместување во хотел и вечера. Слободно време за одмор и индивидуална прошетка.
23.10/26 – MAGNIFICENT CAPPADOCIA – ЦЕЛОДНЕВЕН РАЗГЛЕД СО ВКЛУЧЕН РУЧЕК
По појадокот започнува целодневната програма низ Кападокија. Посета на Долината на „Трите убавици“, со запознавање со легендата за познатите карпести формации. Продолжуваме кон Mustafapaşa – некогашниот Sinasos, историска населба со автентична архитектура и богато културно наследство.
Посета на црквата „Св. Константин и Елена“, како и традиционален Cave Hotel, со можност за турско кафе или чај. Следува посета на семејна работилница за локални слатки и сушено овошје.
Продолжуваме кон Ortahisar, познат по импозантната карпеста тврдина и прекрасниот панорамски поглед кон Кападокија.
Ручек во локален ресторан е вклучен во програмата. По завршување на разгледот – враќање во хотел. Вечера и слободно време.
24.10/26 – КАПАДОКИЈА • СЛОБОДЕН ДЕН / ФАКУЛТАТИВНИ ДОЖИВУВАЊА
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуално истражување и уживање во Кападокија.
Факултативно, за оние кои сакаат дополнително доживување: лет со балон на изгрејсонце, панорамски sunrise views или други локални активности. Во вечерните часови можност за Turkish Night – традиционална турска вечер со локална музика, танци и атмосфера.
Вечера и ноќевање во хотел.
25.10/26 – КАПАДОКИЈА • ДЕН ЗА УЖИВАЊЕ
Појадок. Ден предвиден за одмор, индивидуални прошетки, локално кафе, шопинг и дополнително запознавање со Ortahisar и околината.
Вечера во хотел и ноќевање.
26.10/26 – КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотелот согласно хотелската политика. Организиран трансфер до аеродром и лет преку Истанбул кон Скопје.
Во цената се вклучени:
- авионски билет Скопје – Истанбул – Кападокија и назад
- организирани трансфери,
- Signature Ortahisar 4★ полупансион (појадок и вечера) https://signaturehotels.com.tr...
- целодневна програма Magnificent Cappadocia со организиран разглед и вклучен ручек.
Нема задолжителни дополнителни трошоци за основната програма.
Факултативните активности се исклучиво по желба на патникот.