БАРСЕЛОНА Нова Година
Опис
29.12.2026 – 02.01.2027
Дочекајте ја Новата година во Барселона – град каде медитеранскиот шарм, празничните светилки и живата атмосфера создаваат незаборавно празнично доживување. Прошетајте по живописната Ла Рамбла, воодушевете се на ремек-делата на Гауди, посетете ја величествената Саграда Фамилија и уживајте во магијата на новогодишно украсените улици и плоштади.
Во текот на празничната сезона, Барселона нуди бројни божиќни базари, концерти на отворено, богата гастрономска понуда и спектакуларен новогодишен амбиент. На полноќ, градот оживува со огномети, музика и традиционалното шпанско одбројување со дванаесет зрна грозје – симбол на среќа и просперитет во новата година.
Овој city break е идеален избор за сите кои сакаат да ја комбинираат празничната магија со култура, архитектура, шопинг и медитеранска гастрономија. Започнете ја новата година со незаборавно патување и создадете спомени што ќе останат со вас долго по празниците.
499 € по лице
80 € за деца до 2 години
Напомени
Во цената е вклучено
| ✓ Повратен авионски лет од Скопје со рачен багаж ✓ Аеродромска такса ✓ 3 ноќевања со појадок во хотел ✓ Трансфер од аеродром – хотел – аеродром ✓ Локална поддршка во текот на патувањето |
Во цената не е вклучено
| ✗ Туристичка такса по лице / ден ✗ Факултативни излети ✗ Патничко осигурување ✗ Локален транспорт: метро или автобуски билети |
Факултативни излети
Барселона Панорамика 65 € (деца до 12: 35 €)
Целодневен излет со автобус и пешачка тура: ридот Монжуик, Олимпискиот стадион, Пуебло Еспањол, Плаза Еспања, Плаза Каталуња, Пасео де Грасија со Каса Батљо и Каса Ла Педрера, и Саграда Фамилија.
Готска Четврт 35 € (деца 2–12: 20 €)
Прошетка низ најстариот дел на Барселона – Готската катедрала, Плоштадот Рејал и остатоците од римскиот град Барцино.
Аквариум Барселона 35 € (деца 2–10: 30 €)
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот – 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови.
Музеј Дали + Гирона 85 € (деца до 12: 45 €)
Целодневен излет до Гирона со прекрасната катедрала и стариот град, и до Фигерас, родниот град на Салвадор Дали, со посета на неговиот прочуен музеј.
Посета на Парк Гуел 23 €
Прошетка низ едно од највпечатливите ремек-дела на Антони Гауди, со шарени мозаици и панорамски погледи кон градот.
Парадокс музеј 20 €
Забавно и волшебно место каде ништо не е како што изгледа – идеално за целото семејство.
Целодневна авантура во Порт Авентура 50 €
Еден од најголемите забавни паркови во Европа – ролеркостери, водени слајдови и ликови од Sesame Street.
Чоколаден музеј 9 €
Дознајте како се прави чоколадо – од зрно до чоколадно табло, со можност сами да направите чоколадни форми.
Барселона Зоолошка 23 €
Над 2.000 животни од целиот свет, игралишта и едукативни зони за целото семејство.
Дополнителни информации
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
• Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
• Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
• Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
• При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
• Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
• Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
• Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.