×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




КОЛМАР И СТРАЗБУРГ

Опис

22.10 – 25.10.2026

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛСАКЕ. Историјата, пејсажот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУРГ кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… а во плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села…

Цена по лице 499 еур 


Напомени


Факултативни излети:

  • Организирана посета и разглед на Стразбург со стариот и новиот административен дел на градот – 50€
  • Организирана посета и разглед на Риквил и Егишем (Eguisheim) – 50€
  • Линк од хотелот:  The Originals City, Hôtel Colmar Gare 

ДЕН 1 - СКОПЈЕ - БАЗЕЛ - КОЛМАР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, два часа пред летот. Полетување и слетување во закажано време, во зависност од терминот, до аеродромот во Базел. Организиран превоз до Колмар. Пристигнување во Колмар при што следува сместување во хотел.

Попладнето предвидено време за прошетка низ градот, со нашиот водич: Ќе се загубите во блесокот на светилките и богато украсената архитектура. Колмар години наназад се наоѓа на врвот на најубаво украсени новогодишни дестинации, а токму тоа е причината што ги примамува туристите од целиот свет да го посетат Колмар пред Божиќните празници. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите древни градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден..

Слободно време за уживање во магичниот Колмар. Враќање назад кон хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ДЕН 2 - КОЛМАР – РИКВИЛ - ЕГИШЕМ (EGUISHEIM)- КОЛМАР
Појадок. По појадокот факултативна посета на прекрасното француско село Риквил, кое во овој период од годината нуди неверојатeн амбиент поради преполните излози и продавници кои се дел од познатиот Божиќен маркет. Можеби ова е периодот од годината кога овој град добива посебна убавина и магија која ќе ве остави без зборови...

Риквил едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време.

Патувањето го продолжуваме кон Егишем (Eguisheim), кое претставува е живописно средновековно селце во регионот Елзас, источна Франција, познато по својата уникатна концентрична архитектура, цветните улици и лозовите насади. Во 2013 година беше официјално прогласено за „Најомилено село на Французите. Селото е изградено во кругови околу поранешниот замок од 8 век. Прошетката по овие улици ве враќа во минатото, опкружени со традиционални елзаски куќи. Во околината се наоѓа и познатиот Вински пат во Елзас (Route des Vins) и е дом на врвни вина, вклучувајќи го и познатото грозје Гевюрцтраминер. Во самиот центар на селото се наоѓа Замокот Сен-Леон (Château de Saint-Léon), специфично по тоа што е изградено во концентрични кругови околу неговиот локален замок. Уличките се тесни, поплочени со калдрма и исполнети со шарени куќи од дрво (т.н. colombage) кои датираат од 16 век.

Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање кон Колмар. Ноќевање. 

ДЕН 3 - КОЛМАР - СТРАЗБУГ – КОЛМАР
Појадок. По појадокот се упатуваме со воз кон Стразбург. Пристигнување во Стразбург околу пладневните часови. Прошетка и разглед на историскиот/стариот и административниот дел на градот: седиштето на Европскиот Парламент, канцеларијата на Европскиот народен правобранител, седиштето на советот на Европа и судот за човекови права, величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбург изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно време за индивидуална прошетка низ познатите улици на Стразбург. Враќање кон Колмар. Ноќевање. 

ДЕН 4 - КОЛМАР - БАЗЕЛ - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и заминување кон Базел. Прошетка во Базел (Basel) кој е третиот по големина град во Швајцарија, сместен на самата граница со Франција и Германија, со кои формира уникатен прекуграничен регион. Низ градот протекува моќната река Рајна, која буквално го дели на два дела: Голем Базел (Grossbasel) – каде што е историскиот центар, и Мал Базел (Kleinbasel) – познат по поживиот ноќен живот. Базел има преку 40 музеи на многу мала површина, што е најголема концентрација во земјата. Градот прави совршен спој на средновековното и ултра-модерното. Од една страна е Готската катедрала (Basler Münster) изградена од црвен песочник и прекрасниот црвен плоштад со Градското собрание (Rathaus). Од друга страна, Базел е дом на футуристички градби дизајнирани од светски архитекти како Herzog & de Meuron (кои ги изградија кулите на Roche – највисоките згради во Швајцарија). Катедралата Münster, Градското собрание (Rathaus), Портата Spalentor, се само дел од најпознатите локалитети за посета во градот, збогатено со локалните традиционални вкусови на Швајцарската кујна кои задолжително треба да се пробаат, како Basler Läckerli (Традиционално тврдо солено-слатко медењак колаче направено со мед, бадеми, засахарени кори од портокал и лимон, и прелиено со шеќерна глазура) и Фонду и Ретро кулинарство (фантастични традиционални швајцарски јадења со стопено сирење (Fondue и Raclette), особено во автентичните таверни во стариот дел). 

По слободно време за индивидуална во Базел, се упатуваме кон аеродромот, при што следува најава на летот и полетување кон Македонија. 

 

Цената вклучува:

  • Повратна авионска карта на релација Скопје-Базел-Скопје со компанијата Wizz Air,
  • Аеродромски такси , димензии на рачен багаж (ранец) 40х30х20cm (вклучувајќи рачки и тркала),
  • Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром (со јавен првоз),
  • 3 ноќевања во хотел со 3* во Колмар во двокреветна/ трокреветна соба со појадок
  • Комплетна организација со стручен водич на патувањето (на мин. 15 пријавени патници),

Цената не вклучува:

  • Патничко – здравствено осигурување - 500 денари
  • Туристички такси во хотелите - 10 евра за целиот престој
  • Факултативни излети
  • Посета на Риквил и Егишем - 50€
  • Разглед на Стразбоург централен историски и административен дел на градот – 50€
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 100€