Амстердам
Опис
Авионска програма Термин: 28.10.2026 – 31.10.2026
Цена по лице 499 еур
1 ден -28.10: СКОПЈЕ - АЈНДХОВЕН - АМСТЕРДАМ
Состанок на групата во часот на аеродромот во Скопје, два часа пред летот. Полетување во 12:30 и слетување во 15:25 на аеродромот во Ајндховен. Трансфер до Амстердам. Пристигнување во Амстердам при што следува сместување во хотел. Слободно попладне предвидено за вечерна прошетка низ градот, вклучувајќи ја областа Red Light District. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден - 29.10.2026 : АМСТЕРДАМ – ЗААНСЕ ШАНСЕ – ВОЛЕНДАМ
Појадок во хотел. Состанок на групата во хотелкото лоби во и се упатуваме на разглед на градот: Првата фабрика на познатиот бренд за пиво – Heineken, плоштадот Leidzeplein, плоштадот Dam Square, кралската палата, музејот Madame Tussauds, Het Nationale Monument, Nieuwe Kerk...после разгледот, следува факултативна посета на Мала Холандска тура - Заансе Шанс селото на ветерниците. Заансе Шанс е населба во холандскиот град Заандам, во близина на Амстердам. Историски, најстарите ветерници се преместени тука за да го отсликаат изгледот на холандските села од 18-19 век. Во текот на престојот, предвидена е посета на традиционални занаетчиските работилници, како едни од првите занаетчии на овие простори, кои демонстрираат ретки ракотворби, како што се резба од дрво, производство на карактеристичните холандски кломпи како и познатите холандски сирења и кашкавали. Продолжуваме кон Волендам ...Волендам е холандски град сместен во заливот на северното море, североисточно од Амстердам. Познато е по неговите еднолики куќи и старите рибарски бродови во пристаништето, кое е преполно со продавачи на морска храна. Во договорено време враќање назад во хотел. Слободно време. Ноќевање.
3 ден - 30.10.2026 (недела): АМСТЕРДАМ - ХАГ - ДЕЛФТ - РОТЕРДАМ
Појадок во хотел. Состанок на групата во хотелкото лоби во 08:00 часот и тргнување кон Ротердам на Голема Холандска тура. Пристигнување во центарот на Хаг во 09:30 и кратка прошетка со водич низ главните улици, плоштади и Парламентот. Слободно време за појадок и шопинг до 12:00 часот. Транспорт до гратчето Делфт, де-факто главен град на Холандија во 15 и 16 век и родно место на големиот уметник Вермер. Покрај тоа Делфт е познат по своите шармантни канали, плоштади исполнети со мали кафе барови и ресторани. Во Делфт се наоѓа и фабриката - музеј каде се изработува DelftBlue порцеланот и Техничкиот Универзитет каде над 20.000 студенти, истражувачи и професори секојдневно работат на проекти кои ќе ни овозможат подобра иднина. Прошетка низ градот со водич и слободно време за ручек до 15:00 часот. Трансфер и пристигнување во Ротердам до 16:00 часот. Ротердам е вистински уникат во Холандија, препознатлив по својата футуристичка архитектура и интересни јавни простори. Кратка пешачка тура со локалниот водичот во центарот на градот, мулти функционалниот MarktHall - место каде може да се вкуси храна од целиот свет, се’ до старото пристаниште и Еразмус мостот. Трансфер до Амстердам. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден - 31.10.2026 : АМСТЕРДАМ -АЈНДХОВЕН - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Пристигнување на аеродромот, пријавување, пасошки и царински формалности. Полетување во 09:00 часот. Слетување во 11:35 часот на аеродромот во Скопје.
Цената вклучува:
- Повратна авионска карта на релација Скопје-Ајндховен-Скопје со компанијата Wizz Air,
- Аеродромски такси , димензии на рачен багаж (ранец) 40х30х20cm (вклучувајќи рачки и тркала),
- Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром (со јавен превоз – воз)
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во двокреветна соба,
- Комплетна организација со стручен водич на патувањето (на мин. 15 пријавени патници),
- Резервација на место со минимална уплата од 15 000 денари по лице.
Цената не вклучува:
- Патничко здравствено осигурување – 500 денари
- Туристичка такса во хотелот 15 евра по лице (вкупно за сите ноќевања),
- Доплата за куфер од 15кг. во авион – 90 евра,
- Доплата за куфер од 20кг. во авион – 120 евра,
Факултативни екскурзии:
1.Мини Холандска тура – посета со водич на Зансе Шанс и Волендам (со вклучени карти за јавен превоз) – 80 евра,
2.Голема Холандска тура – посета на Хаг, Делфт и Ротердам со водич (со вклучени карти за јавен превоз) – 100 евра.
3.Крстарење по каналите на Амстердам – 35 евра
4.Разглед на градот Амстердам – 40 евра
Напомена: Со земањето на сите факултативни излети од понудата – разгледот на градот го добивате БЕСПЛАТНО!