KATRIN LUXURY STUDIO – NEA MODANIA
Опис
Вилата е одалечена околу 800м од центарот на Неа Модања и на околу 20-30 м.од плажа. Вилата е понова градба со уреден двор со тревна површина. Сите студија имаат тенди кои прават пријатни сенки во топлите денови. Има еден кат и приземје и располага со 1/3 и 1/4 студиjа, единствен простор со кујна и кревети. Вкупно има 8 Студија од кои 4 се со еден брачен кревет и еден единечен кревет (како 1/3 студио), и 4 студија се со еден брачен кревет и еден кауч на извлекување (Во 1/4 соба третиот возрасен и сите деца спијат на кауч на развлекување). Сите соби се со сопствена бања со туш, комплетно опремена кујна, клима уред (користење вклучено во цена), ТВ, Сателитска ТВ во секоја соба поединечно. Сите соби имаат балкон, и поглед на море. Постелнини и крпи се менуваат секој трет ден од престојот, собите се чистат секој ден, бесплатен интернет, располагаат со фен, сеф, луксузна кујна.
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО НА НОЌ/ СОГЛАСНО ДАДЕН ПЕРИОД
ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА -15% (до попонување на соби на промоција)
Напомена – трето возрасно лице и деца спијат на софа/ студија имаат еден брачен кревет + софа кревет
МАКСИМУМ капацитет во студио е 4 лица – т.е. 3 возрасни лица и дете до 12 год
Галерија
Напомени
НАПОМЕНИ – постелина и крпи се менуваат на секој трет ден за време на престој.
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ: * За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот.
За време на патувањето и престојот во хотелот, гостите се должни да ги почитуваат мерките и правила согласно политика на хотелот истакнати и напоменати при влез во соба
Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер