×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Hotel Picasso 4*

Опис

Шармантен и удобен семеен хотел сместен во Радиме во округот Валона. Уште од 2016 година хотелот со неговиот прекрасен тим им овозможува на гостите неспоредлива удобност и можност за уживање на природното богатство на регионот на Валона и Албанската ривиера. Хотелот располага со приватна плажа опремена со лежалки, чадори и бесплатен WI-FI. Низа активности се нудат во областа, како нуркање, сурфање и слично.

Хотел Пикасо е највисоко рангирана дестинација во Валона заради својата беспрекорна услуга и каприциозната атмосфера! Хотел Пикасо нуди различни опции за подобро да одговараат на вашите потреби. Од најпродаваните семејни апартмани до делукс соби за незаборавен одмор. Секоја соба во овој хотел е климатизирана и е опремена со ТВ со рамен екран. Некои соби имаат простор за седење. Собите се со приватна бања со мијалник и туш.

Хотелот нуди услуга на BB услуга (вклучен појадок), услуга HB (вклучен појадок и вечера), FB услуга (вклучен појадок, ручек, вечера). Пијалоците не се вклучени во понудата. Со своите удобни и креативни соби, ресторант со 5 ѕвезди, базен и пристап до плажа, семејниот Хотел Пикасо Радиме ви дава уникатна можност да се чувстувате како дома. Сместен во близина на единственото локално пристаниште во заливот, од каде има можност за секојдневни обиколки со брод до островот Сазан и Националниот парк Карабурун. Базенот располага со сопствен бар кој е совршена локација за утрински здрав сок или вечерен коктел.


Галерија

Напомени


Напомени: 
  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ