×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ДУБАИ – 23 Октомври

Опис

Помеѓу светкавите облакодери на Дубаи, не чекаат безброј незаборавни авантури — пустински дини, бедуински села, уникатни градини, стари арапски обичаии... Со својата смела архитектура и врвен стил, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Дубаи претставува град на невозможното и најдоброто!!! Накратко во Дубаи се е НАЈ!! — НАЈвисоката зграда, НАЈголемата рамка, НАЈголемиот аквариум, НАЈголемата фонтана, НАЈголемиот златен ланец, и може да редиме уште 333 други светски рекорди кои ги “држи” Дубаи!! Проверете зашто Дубаи во последните години е НАЈ туристички центар број 1 во светот.

4 НОЌИ ЗА ПЕРИОД 20.10-24.10 (25.10)/ Појадок

Детали од лет
VF-264 20/10/2026  Skopje (SKP) - Istanbul (SAW) 14:20 - 16:50/ VF-143 20/10/2026 Istanbul (SAW) - Dubai (DXB) 19:45 - 01:55
VF-144 25/10/2026 Dubai (DXB) - Istanbul (SAW) 03:05 - 07:15/ VF-263 25/10/2026 Istanbul (SAW) - Skopje (SKP) 14:20 - 13:55

Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)

ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА согласно моментално слободни места на авион согласно понуда и по промотивна тарифа. Ве молиме пред резервација да проверите за слободни места согласно понуда и за евентурални промени на цена доколку се промени цена и тарифа на промотивни карти на авио компанија, како и за слободни места во хотели во понуда и расположливост на соби.

Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на Pegasus. 

Напомени


1ден 20-21.10/26 Индивидуално чекирање на аеродром во Скопје на шалтер на AJET. Полетување од Скопје во 14:25. Слетување во Истанбул на аердором Sabiha Gökçen во 16:50 часот. Полетување за Дубаи во 19:45 часот и слетување во Дубаи нареден ден после полноќ во 01:55. Трансфер до хотел и ноќевање.

Можност за ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице   Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. При ова крстарење гледате еден поинаков Дубаи – посебен кога е осветлен и кога е ноќе. Ја гледате и уживате во Марината, Панорамското тркало, Blue water island, JBR the walk шеталиштето, помнувате покрај прекрасниот ADDRESS MARINA хотел и уживате во пловење низ Персиски залив. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен алхохолен пијалок).  Враќање во хотел и ноќевање

2 ден 22.10/26- - Појадок. Можност за  ПОЛУДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА  –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – на англиски јазик (shared) 50 ЕУР по лице

Претпладне започнува полудневната традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Тура започнува со возење каде ги гледаме панорамски MUSEUM OF FUTURE дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот и одите кон DUBAI FRAME - најголемата рамка на целсвет која претставува метафоричен портал помеѓу старото и новото, ја гледате панорамски. Потоа продолжувате кон кон Дубаи крикот, каде се возите со познатите абра чамчиња и го поминувате Крикот за да стигнете да го посетите познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одите кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи.  Проложувате кон ZAABEL PALACE, официјалната резиндеција каде што живее владеачката фамилија на Дубаи и шеикот Al Maktoum, застанувате за кратка фотосесија. Патувањето продолжува кон другиот дел на Дубаи – застанувате за кратка фотосесија и ја гледате познатата Марина на Дубаи и одите накај MADINAD SOUK или Мала Венеција – модерен пазар во направена т.н. традиоционална градба на стара арапска куќа, каде има најдобро место за фотографирање на Burj Al Arab. Тука правите кратка пауза за кафе и продолжувате кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратко панорамско разгледување. Кратко застанувате за фотографирање кај Дубаи МАРИНА. На враќање попатно го гледате панорамски и MALL OF EMIRTAES, мол каде има внатре скијалиште и кој може дополнително индивидуално да го посетите за шопинг. Турата завршува поминувајќи покрај DUBAI MALL, кој е еден од најголемите во светот и е самиот сведско чудо, еден од најголемите шопинг центари во светот. Одма до овој мал е Burj Khalifa, највисоката зграда на целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди (можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат со доплата дополнително индивидуално). Панорамски ја гледате и кулата и враќање во хотел. Можност доколку сакате да останете во Дубаи Мол и да ги гледате индивидуално и да се фотографирате со Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток, низ кој поминуваме и од каде се гледаат Фонтаните (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути), како и Операта на Дубаи и кои може да ги фотографирате, или преубавата Downtown palace, со прекрасен поглед на Фонтана и Burj Khalifa, каде се прават едни од најбавите фотографии од овој дел од Дубаи. Индивидуално се враќате во хотелот.

* напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување

Burj Khalifa (САМО влезници 60 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 75 евра), за 124 кат.

3 ден – 23.10/26 – Појадок. Можност за ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 60 ЕУР по лице 

Во попладневните часови Ве земаат од Дубаи со jeep 4x4, се оди кон емиратот Шаржа и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели (збирна тура по 6 лица во џип). По краткиот одмор и пауза, продолжувате со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. Одите со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одите кон кампот во пустина каде имате вечера и шоу програма. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.  

4 ден – 24.10/26  – Појадок и одјавување од хотелот согласно политика на хотелот. ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (7 часа) - 8-12 Pax – 80 ЕУР по лице/ на англиски јазик (shared) / БЕЗ ВКЛУЧЕН РУЧЕК .  Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ. Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови. Тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Возиме покрај претседателската палата и обалата шеталиштето на АБУ ДАБИ. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*) – панорамски разглед. Потоа имаме краток стоп пауза и враќање назад за Дубаи.

 НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за жените е обавезна марама.

* напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување или затворање на влез на некои објекти заради посети од високи владини делегации

По враќање во хотел, време за слободни активности се до време за трансфер за аеродром.

6 ден – 25.10/26 - Трансфер за аеродром. Полетување од Дубаи за Истанбул во 03:05 часот. Слетување во Истанбул во 07:15 часот и полетување за Скопје во 14:20 часот. Слетување во Скопје во 13:55 часот.

 Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми). ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА согласно моментално слободни места на авион согласно понуда и по промотивна тарифа. Ве молиме пред резервација да проверите за слободни места согласно понуда и за евентурални промени на цена доколку се промени цена и тарифа на промотивни карти на авио компанија, како и за слободни места во хотели во понуда и расположливост на соби.

 Цената вклучува:

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ со вклучен чекиран багаж согласно политика на авио компанија
  • Трансфер аеродром Дубаи – хотел Дубаи – аеродром Дубаи  
  • 4 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи

Цената НЕ вклучува:

  • оброк за време на лет (со доплата на лице место)
  • Патничко здравствено осигурување
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
  • останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).   Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер