ДУБАИ – ДЕКЕМВРИ 2026 / Групна програма
Опис
*СО АВИОН ОД СКОПЈЕ – ГРУПНО ПОАЃАЊЕ* / FIRST MINUTE
ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 04-10.12.2026 / ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 04-09.12.2026 (5 НОЌИ)
Детали од лет
VF 264 04DEC Скопје-Истанбул 1300 1625/ VF 143 04DEC Истанбул-Дубаи 2115 0245+1
VF 144 10DEC Дубаи-Истанбул 0435 0835/ VF 263 10DEC Истанбул-Скопје 1230 1200
Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)
Напомени
Програма на патувањето - авиокомпанија AJET од Скопје. Саатници на полетување и слетување се по локално време.
04-05.12/26 - Полетување од Скопје во 13:00. Слетување во Истанбул на аердором Sabiha Gökçen во 16:25 часот. Полетување за Дубаи во 21:15 часот и слетување во Дубаи во 02:45 на 05.12 (сите саатници се по локално време). Трансфер до хотел во Дубаи. Ноќевање.
05.12/26 Појадок и слободно време за индивидуални активности. ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице // Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. При ова крстарење гледаме еден поинаков Дубаи – посебен кога е осветлен и кога е ноќе. Ја гледаме и уживаме во Марината, Панорамското тркало, Blue water island, JBR the walk шеталиштето, помнуваме покрај прекрасниот ADDRESS MARINA хотел и уживаме во пловење низ Персиски залив. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен алхохолен пијалок).
06.12/26- ПОЛУДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) –на српски јазик (вклучено во цена)
Претпладне започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Нашата тура започнува со возење каде ги гледаме панорамски MUSEUM OF FUTURE дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, и одиме кон DUBAI FRAME - најголемата рамка на целсвет која претставува метафоричен портал помеѓу старото и новото, ја гледаме панорамски. Потоа продолжуваме кон кон Дубаи крикот, каде се возиме со познатите абра чамчиња и го поминуваме Крикот за да стигнеме да го посетиме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Проложуваме кон ZAABEL PALACE, официјалната резиндеција каде што живее владеачката фамилија на Дубаи и шеикот Al Maktoum, застануваме за кратка фотосесија. Нашето патување продолжува кон другиот дел на Дубаи – застануваме за кратка фотосесија и ја гледаме познатата Марина на Дубаи и продолжуваме за фотографирање кон хотелот BURJ AL ARAB, кој го нарекуваат хотелот со 7*. Потоа одиме накај MADINAD SOUK или Мала Венеција – модерен пазар во направена т.н. традиоционална градба на стара арапска куќа, каде има најдобро место за фотографирање на Burj Al Arab. Тука правиме кратка пауза за кафе и продолжуваме кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, за кратко панорамска фотосесија на Atlantis и новиот најскапиот хотел Royal Atlantis. На враќање попатно го гледаме панорамски и MALL OF EMIRTAES, мол каде има внатре скијалиште и кој може дополнително индивидуално да го посетите за шопинг. Нашата тура завршува во DUBAI MALL, кој е еден од најголемите во светот и е самиот сведско чудо, еден од најголемите шопинг центари во светот полн со активности за забава и одмор. Тука гледаме AQUARIUM кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули и WATERFALLS “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка). Одма до овој мал е Burj Khalifa, највисоката зграда на целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди (можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат со доплата). Во овој дел се многу прекрасни места за фотографирање кои ќе останат во Вашите спомени како што е Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток, низ кој поминуваме и од каде се гледаат Фонтаните како и Операта на Дубаи и кои може да ги фотографирате. На крај завршуваме во преубавата Downtown palace, со прекрасен поглед на Фонтана и Burj Khalifa, каде се прават едни од најбавите фотографии од овој дел од Дубаи. Се враќаме и остануваме во трговскиот центар, индивидуално, за да ги гледаме вечерта распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Индивидуално враќање во хотелот.
Burj Khalifa (САМО влезници 60 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 75 евра), за 124 кат.
* напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување
07.12/26 - ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 60 ЕУР по лице
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон емиратот Шаржа и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. По краткиот одмор и пауза, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
08.12/26 – ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (7 часа) - 8-12 Pax – 80 ЕУР по лице/ на српски јазик/ БЕЗ ВКЛУЧЕН РУЧЕК (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа). Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Возиме покрај претседателската палата и обалата шеталиштето на АБУ ДАБИ. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*) – панорамски разглед. Потоа имаме краток стоп пауза во Heritage village. Турата ја завршуваме во YAS ILAND со краток стоп во FERRARI WORLD. !!! НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за жените е обавезна марама.
* напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување или затворање на влез на некои објекти заради посети од високи владини делегации
09.12/26 – Појадок и одјавување од хотелот согласно политика на хотелот. Време за слободни активности и индивидуални посети се до време за трансфер за аеродром. Попладне ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 80 евра по лице (за минимум пријавени 8 лица) . Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот. Трансфер до хотел (за да го земеме багаж) и слободно време до трансфер за аеродором.
10.12/26 – Трансфер за аеродром 3 часа пред лет. Полетување од Дубаи за Истанбул во 04:35 часот. Слетување во Истанбул во 08:35 часот и полетување за Скопје во 12:30 часот. Слетување во Скопје во 12:00 часот (сите саатници се по локално време).
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)
Цената вклучува:
- Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ со вклучен чекиран багаж согласно политика на авио компанија
- Трансфер аеродром Дубаи – хотел Дубаи – аеродром Дубаи
- 5 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
- полудневна градска тура со водич на српски јазик согласно итенерер во Програма
- Организација и реализација на патувањето
- локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)
Цената НЕ вклучува:
- оброк за време на лет (со доплата на лице место)
- late check out/ за последниот ден 09.12 до време на трансфер за аеродором доплата за соба (хотел IBIS ONE – 80 еур / NOVOTEL WTC – 130 еур)
- Патничко здравствено осигурување
- ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
- останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
- Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 15 ЛИЦА
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Mаксимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Фамилијарни соби и максимум лица во соба се соодветно наведени во програма кај соодветен хотел.
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер