БРАТИСЛАВА И ВИЕНА - Декември
Опис
ПЕРИОД 06-09.12/ АВИОН ОД СКОПЈЕ/ 4 дена/ 3 ноќевања 2 ГРАДА – СО ПОСЕТА НА БОЖИЌНИ ПАЗАРИ*
Две царски престолнини, една незаборавна приказна во срцето на империјата на Австро-Унгарското царство ! Доживејте го шармот на Централна Европа во нејзиното најубаво Божиќно издание.
Братислава - шармантниот главен град на Словачка, гордо лежи на бреговите на реката Дунав и тоа во непосредна близина на Виена – главниот град на Австрија, град на уметноста и царскиот сјај. Двата града пленат со својата уникатна мешавина од историја, култура и модерен живот. А за време се Божиќ се покажуваат во својот најубав шарм со магичните Божиќни пазари.
ПРОГРАМА – СЕ ВКЛУЧЕНО !!! ГРАДСКА ТУРА ВО БРАТИСЛАВА И ЦЕЛОДНАВНА ТУРА ВО ВИЕНА
FIST MINITE PROMO
529 евра (32.800 денари)/ до пополнување на промотивни места
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 565 евра (35.000 денари) / по пополнување на промотивни места
Напомени
06. Декември (Недела) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА
Состанок на аеродромот во Скопје во 19:30 часот. Полетување за Братислава во 21:35 и слетување во 23:10 часот. Трансфер дo хотел во Братислава и сместување во хотел. Ноќевање.
07. Декември (Понеделник) БРАТИСЛАВА
Појадок. После појадок заминуваме на разглед на Братислава, со пpосета на прекрасниот Братиславскиот замок, кој се издига над градот и Дунав, како симбол на градот со облик на превртена маса и со прекрасен поглед. Продолжуваме кон живописниот стар град Staré Mesto со тесни улички и историски градби, со многу скриени статуи како што е Чумил - најпопуларна бронзена скулптура на работник кој ѕирка од шахта, поминуваме под Михалската порта, потоа одиме накај средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, старото Градско Собрание, величенствениот Хвјездославов плоштад... Слободно време за кафе пауза и ручек. Во приквечерните часови задолжителна посета на традиционалниот божиќниот базар и да уживате пиејќи ароматично греено вино.
08. Декември (Вторник) ВИЕНА
Појадок. После појадок заминуваме на тура за Виена, која е одалечена од Братислава само 80мк (1 час возење). За време на нашата тура низ Виена застануваме и кратко ги посетуваме некои од најубавите и најзначајните места на овој поранешен главен град на Австро-Унгарското царство. Задолжителна е обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, застануваме да се воодушевуваме на прекрасниот величенствен Кралски дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Потоа продолжуваме со нашата пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и
Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата.. И секако Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател...
Слободнo време за шопинг и уживање, со можност за посета на некое од виенските кафулиња и уживање во Сахер торта или посета на ресторан и можност да се проба “вистинската” виенска шницла и Пилснер пиво. За време на нашата целодневна тура низ Виена, секако задолжителна е посета на божиќниот Базар, за да ја осетиме празничната магија со мирисот на божиќните пекарски производи, слатки и топли пијалоци за загревање, за купување на сувенири и божиќни подароци. Враќање во хотелот. Ноќевање.
09. Декември (Среда) БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални активности.
Наш предлог е индивидуална посета на Најпознатиот и највпечатлив панорамски видиковец во Братислава е UFO Observation Deck (Кулата УФО). Сместен е на врвот на столбот на Мостот СНП (Most SNP), на висина од 95 метри над реката Дунав, и има специфична форма на летечка чинија. Од него се протега прекрасен 360-степен поглед на целиот град, Братиславскиот замок и историскиот центар. Посета на некои од прекрасните шопинг центри во Братислава (Aupark Bratislava, CENTRAL Bratislava) или прошетка низ улиците на Братислава.
Опција – факултативна посета на Парндорф најголемиот шопинг центар во Австрија.
Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 22:50 и слетување во 00:20 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
- Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно
- Сместување во “Hotel Saffron” 4* во Братислава на база 3 ноќевања со појадок во стандард двокреветна соба
- Туристичка такса
- Полудневен разглед на Братислава со локален водич според програмата (пешачка тура од 3-4 часа)
- целодневна тура и разглед на Виена со локален водич според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето (на мин. 14 пријавени патници)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *(цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поѓање)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Посета на Пандорф – (40 еур по лице за минимум 10 пријавени лица/ времетраење на факултативна тура од 4 часа)
- индивидуална посета на видиковец UFO Observation Deck (Кулата УФО) - Влезницата за видиковецот е околу 10–12 € (доколку вечерате во ресторанот, влезот е бесплатен или со попуст)
- Патничко – здравствено осигурување
- индивидуални трошоци
- оброци освен наведен оброк – појадок во хотел
- индивидуални факултативни излети и посети кои не се наведени во програма
- Доплата за еднокреветна соба 140 еур (8,680 денари)
- **хотелот на располага со трокреветни соби и нема можност да се додаде дополнително легло во стандард двокреветна соба
НАПОМЕНИ:
- Резервација на место со минимална уплата од 8 000 денари по лице, кои во случај на отказ од страна на патник се неповратни
- За реализација на аранжманот како група потребен е минимум од 14 патници
- Авионски карти не трпат промени согласно политика на авио компанија и се нерефундабилни
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
- Доплата на аранжман е 14 дена пред дата на патување
- Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Војажер Туристик Сервис