ШРИ ЛАНКА
Опис
Групно патување /датум на престој 25.11-02.12.2026 (7ноќи)
Шри Ланка, островска држава во Јужна Азија (Индиски Океан), е позната по своите тропски плажи, богатата будистичка култура, чајните плантажи и националните паркови со слонови. Главен град е Шри Џајаварденепура Коте, а најголем Коломбо. Нуди авантури како сурфање во Хикадува, планинарење и историски знаменитости. Јужно од Индија, позната и како „Бисерот на Индискиот Океан“. Тропски шуми, спектакуларни плажи (Хикадува) и планински предели со плантажи за чај. Древни храмови, фестивали и гостопримливо население. Топла и влажна, идеална за патување во зависност од монсунските ветрови.
Шри Ланка е одлична дестинација за патувачи кои бараат спој на релаксација, култура и авантура.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА - 1599€
Напомени
ДЕТАЛИ ОД ЛЕТ
TK1004 24NOV SKPIST 0845 1225 // TK 730 24NOV ISTCMB 1930 0555+1
TK1131 02DEC CMBIST 0915 1545 // TK1005 02DEC ISTSKP 2030 1955
Ден 1 – 25 ноември | Пристигнување – Сигирија / Дамбула
Пристигнување со лет на Turkish Airlines во 05:55 часот. Пречек од локален претставник и трансфер до културниот триаголник. По пат, посета на сиропиталиште за слонови или Millennium Elephant Foundation, како и на познатиот пештерски храм Дамбула, познат по своите фрески и статуи на Буда. Влезниците се плаќаат дополнително.
Сместување во хотел и слободно време за одмор. Ноќевање: Сигирија / Дамбула.
Ден 2 – 26 ноември | Сигирија – Хиривадуна
Рано наутро, посета и искачување до карпестата тврдина Сигирија, заштитена од УНЕСКО и позната по своите фрески, Ѕидот на огледалата и Лавовските шепи. Влезницата се плаќа дополнително. Следува посета на традиционалното село Хиривадуна, со прошетка низ руралните предели и запознавање со локалниот начин на живот. Факултативно: Сафари со џип во националниот парк Минерија, познат по слоновите и богатата дива природа, со доплата.
Ноќевање: Сигирија / Дамбула.
Ден 3 – 27 ноември | Сигирија – Матале – Канди
Појадок и заминување кон Канди. По пат, посета на градина со зачини во Матале и хиндуистичкиот храм Муто Мари Аман.
По пристигнувањето, разгледување на Канди со панорамски поглед од Upper Lake Drive, посета на традиционалниот пазар и продавница за скапоцени камења.
Во вечерните часови, можност за традиционална културна претстава со танци и тапани, а потоа посета на храмот на Светата забна реликвија на Буда. Влезниците за претставата и храмот се плаќаат дополнително. Ноќевање: Канди.
Ден 4 – 28 ноември | Канди – Нувара Елија
Појадок и заминување кон Нувара Елија, позната како „Мала Англија“, опкружена со зелени ридови и плантажи со чај.
По пат, запирање кај водопадите Рамбода и посета на фабрика за чај, со запознавање со процесот на производство и можност за дегустација.
Следува разгледување на Нувара Елија, со посета на паркот Викторија, езерото Грегори, голф-теренот и локалниот пазар. Ноќевање: Нувара Елија.
Ден 5 – 29 ноември | Нувара Елија – Јужниот брег
Појадок и заминување кон јужниот брег на Шри Ланка. Факултативно: Посета на историскиот град Гале и неговата позната холандска тврдина, локалитет заштитен од УНЕСКО, доколку дозволуваат времето и распоредот.
Пристигнување во хотелот и слободно време за одмор покрај морето. Ноќевање: Јужниот брег.
Ден 6 – 30 ноември | Одмор на јужниот брег
Појадок и слободен ден за уживање на прекрасните плажи со бел песок, капење, сончање и релаксација покрај Индискиот Океан. Ноќевање: Јужниот брег.
Ден 7 – 1 декември | Јужниот брег – Коломбо
Појадок и слободно време до одјавувањето од хотелот околу 11:30–12:00 часот. Заминување кон Коломбо, со попатна посета на центар за заштита и одгледување морски желки. Влезницата се плаќа дополнително.
По пристигнувањето, разгледување на Коломбо со посета на будистички и хиндуистички храм, холандската црква Волвендал, Градското собрание, конференцискиот центар BMICH, областа Синемон Гарденс и театарот Нелум Покунa. Ноќевање: Коломбо.
Ден 8 – 2 декември | Коломбо – Заминување
Појадок во хотелот и трансфер до меѓународниот аеродром за летот на Turkish Airlines во 09:30 часот.
Цената по лице вклучува
- Авионски билет од Скопје со Туркиш Аирлинес со вклучен багаж
- Повратени трансфери Аеродром-Хотел-Аеродром
- Хотелско сместување во хотел 3* или 4* со вклучен појадок:
Rangiri Dambulla Resort ,Dambulla – Chalet (2ноќи)
The Topaz Hotel,Kandy – Deluxe (1ноќ)
Araliya Red Hotel,Nuwaraeliya – Deluxe (1ноќ)
Marina Bentota Beach Hotel, Bentota- Standard (2ноќи)
Best Westren Hotel, Colombo -Deluxe (1ноќ) - Асистенција и реализација за време на целото патување
- Бесплатни места за посета вклучени во турата - Зачински градини, Излети вклучени во цена тура низ градот Канди, водопади Рамбода, посета на фабрика за чај, тура низ градот Нувараелија, мост 9 Arch, Ела, Ела Гап, холандска тврдина УНЕСКО Гале и тура низ градот Коломбо.
Цената по лице НЕ вклучува
- Туристичка виза – 50$
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влезници за разгледување
- Факултативни излети
- Сите пијалоци, бакшиш и превоз
- Се што не е вклучено во цената вклучува
**МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 10 ЛИЦА
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
- Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса.
Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на цената на аранжманот, откажување на помал број на патници и на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер