ДУБАИ – BUDGET ПРОГРАМА НОЕМВРИ
Опис
4 НОЌИ ЗА ПЕРИОД 15.11-19.11/2026
Ibis Styles Dubai 3* - 585 € по лице/ (Појадок) / во стандард двокреветна соба
Вклучена ГРАДСКА ТУРА со 12 места кои се гледаат и фотографираат
Цената е пакет цени по лице изразена во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)
Напомени
Детали од лет
PC354 15NOV Skopje(SKP) - Istanbul Sabiha Gokcen(SAW) 17:35 21:00
PC746 15NOV Istanbul Sabiha Gokcen(SAW) - Sharjah(SHJ) 23:00 04:15
PC747 19NOV Sharjah(SHJ) - Istanbul Sabiha Gokcen(SAW) 05:20 09:20
PC351 19NOV Istanbul Sabiha Gokcen(SAW) - Skopje(SKP) 10:30 09:55
Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на Pegasus Airlines
ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА согласно моментално слободни места на авион согласно понуда и по промотивна тарифа. Ве молиме пред резервација да проверите за слободни места согласно понуда и за евентурални промени на цена доколку се промени цена и тарифа на промотивни карти на авио компанија, како и за слободни места во хотели во понуда и расположливост на соби.
1ден 15-16.11/26 – Индивидуално чекирање на аеродром во Скопје на шалтер на PEGASUS. Полетување од Скопје во 17:35. Слетување во Истанбул на аердором Sabiha Gökçen во 21:00 часот. Полетување за Sharjah (Шаржа е Емират до Дубаи) во 23:00 часот и слетување во Шаржа нареден ден после полноќ во 04:15. Трансфер до хотел и ноќевање. Појадок – слободни активности и индивидуални посети и екскурзии.
Можност за ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 60 ЕУР по лице Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. При ова крстарење гледате еден поинаков Дубаи – посебен кога е осветлен и кога е ноќе. Ја гледате и уживате во Марината, Панорамското тркало, Blue water island, JBR the walk шеталиштето, помнувате покрај прекрасниот ADDRESS MARINA хотел и уживате во пловење низ Персиски залив. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен алхохолен пијалок). Враќање во хотел и ноќевање
2 ден 17.11/26- - Појадок. ПОЛУДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – на англиски јазик (shared)// ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНА
Претпладне започнува полудневната традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Тура започнува со возење каде ги гледаме панорамски MUSEUM OF FUTURE дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот и одите кон DUBAI FRAME - најголемата рамка на целсвет која претставува метафоричен портал помеѓу старото и новото, ја гледате панорамски. Потоа продолжувате кон кон Дубаи крикот, каде се возите со познатите абра чамчиња и го поминувате Крикот за да стигнете да го посетите познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одите кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Проложувате кон ZAABEL PALACE, официјалната резиндеција каде што живее владеачката фамилија на Дубаи и шеикот Al Maktoum, застанувате за кратка фотосесија. Патувањето продолжува кон другиот дел на Дубаи – застанувате за кратка фотосесија и ја гледате познатата Марина на Дубаи и одите накај MADINAD SOUK или Мала Венеција – модерен пазар во направена т.н. традиоционална градба на стара арапска куќа, каде има најдобро место за фотографирање на Burj Al Arab. Тука правите кратка пауза за кафе и продолжувате кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратко панорамско разгледување. Кратко застанувате за фотографирање кај Дубаи МАРИНА. На враќање попатно го гледате панорамски и MALL OF EMIRTAES, мол каде има внатре скијалиште и кој може дополнително индивидуално да го посетите за шопинг. Турата завршува поминувајќи покрај DUBAI MALL, кој е еден од најголемите во светот и е самиот сведско чудо, еден од најголемите шопинг центари во светот. Одма до овој мал е Burj Khalifa, највисоката зграда на целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди (можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат со доплата дополнително индивидуално). Панорамски ја гледате и кулата и враќање во хотел. Можност доколку сакате да останете во Дубаи Мол и да ги гледате индивидуално и да се фотографирате со Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток, низ кој поминуваме и од каде се гледаат Фонтаните (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути), како и Операта на Дубаи и кои може да ги фотографирате, или преубавата Downtown palace, со прекрасен поглед на Фонтана и Burj Khalifa, каде се прават едни од најбавите фотографии од овој дел од Дубаи. Индивидуално се враќате во хотелот.
* напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување
Burj Khalifa (САМО влезници 60 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 75 евра), за 124 кат.
3 ден – 18.11/26 – Појадок. ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 60 ЕУР по лице
Во попладневните часови Ве земаат од Дубаи со jeep 4x4, се оди кон емиратот Шаржа и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели (збирна тура по 6 лица во џип). По краткиот одмор и пауза, продолжувате со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. Одите со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одите кон кампот во пустина каде имате вечера и шоу програма. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
Се враќаме во хотелот и имаме краток однор оред време на трансфер.
4 ден – 19.11/26 – Одјавување од хотелот во рани утрински часови и трансфер на аеродором во Sharjah (Шаржа е Емират до Дубаи). Полетување од Шаржа за Истанбул во 05:20 часот. Слетување во Истанбул во 09:20 часот и полетување за Скопје во 10:30 часот. Слетување во Скопје во 09:55 часот.
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми). ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА согласно моментално слободни места на авион согласно понуда и по промотивна тарифа. Ве молиме пред резервација да проверите за слободни места согласно понуда и за евентурални промени на цена доколку се промени цена и тарифа на промотивни карти на авио компанија, како и за слободни места во хотели во понуда и расположливост на соби.
Цената вклучува:
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ШАРЖА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ со вклучен чекиран багаж согласно политика на авио компанија PEGASUS
- Трансфер аеродром – хотел Дубаи – аеродром
- 4 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
- ДУБАИ градска тура / на англиски јазик/ збирна и индивидуална
- Организација и реализација на патувањето
- локална асистенција во Дубаи
Цената НЕ вклучува:
- оброк за време на лет (со доплата на лице место)
- Патничко здравствено осигурување
- ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
- останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
- Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
- туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер