×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Hotel Prestige 5*

Опис

Hotel Prestige Durres е позициониран во Голем, на 14km од Драч. Пристаништето во Драч е на растојание од 17 km,Хотелот Престиж нуди луксузна и лична услуга со највисок квалитет. Хотелот располага со сопствена плажа, има лежалки и чадори. Хотелот располага со фитнес центар,тениско игралиште, со одличен базен, ресторан, кафе-бар.

Во комплексот ќе најдете модерни конференциски сали, барови и ресторани со традиционална и италијанска кујна. Секоја соба е климатизирана и опремена со LCD телевизор,телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Собите имаат поглед на море, базен или градина. 

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот е вклучен во понуда и следува по еден пијалок со секое јадење.Појадокот има континентална кујна и се служи во еден од рестораните со пријатна и смирувачка атмосфера. Комплексот располага со околу 200 соби кои се наоѓаат во луксузни вили и во главниот хотел, модерни конференциски сали, деловен центар, лоби бар, СПА и нега за убавина, фитнес центар, тениско игралиште, барови и ресторани со традиционална и италијанска кујна. Исто така хотелот располага со надворешен базен, базен со солена вода и базен за деца.П


Галерија

Напомени


Напомени: 

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ