Palace Hotel & Spa 5*
Опис
Лоциран на 10 минути од пристаништето во Драч и на околу 40 минути од центарот на Тирана, хотелот Палас е дестинација за туристи, кратки службени патувања и семејни и деловни настани. Стариот град Драч, зачувувајќи го Амфитеатарот, Венецијанската кула и антички термали, е оддалечен 4 км.
Хотелот нуди соби со поглед на море, лукс и супериорни соби со поглед на море. Сите соби имаат LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот. Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Гостите уживаат во бесплатните спа услуги кои вклучуваат затворен базен, сауни, топла када и теретана. Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, располага со надворешен базен, телефон, интернет, wi - fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција.
Palace Hotel & SPA е покрај самото море и има своја приватна плажа, има лежалки и чадори. Хотелот располага со одличен базен, има одличен ресторан, кафе-бар. Исто така хотелот нуди Wellnes и Spa центар, гостите уживаат во бесплатните спа услуги кои вклучуваат затворен базен, сауни, топла када и теретана.
Галерија
Напомени
- Собите се достапни по добиено барање
- Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.
ОПШТИ УСЛОВИ:
- За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
- Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.