Hotel Oasis 4*
Опис
Хотелот Оазис е вистинска оаза на релаксација и забава за туристите. Сместен во Саранда хотелот се наоѓа на 100 метри од морето, додека најблиските плажи се 300 m оддалечени.
Со удобни и пригодни услови, Хотел Оазис ви нуди луксузни соби и апартмани, со ТВ плазма, климатизиран, фрижидер-бар, туш, балкони со панорама со поглед на море. Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек). Постои опција за ХБ (доручек и вечера) со доплата од 682 денари и доплата за All inclusive 1116 денари.
Хотелот располага со голема тераса со бар и ресторан, во кој гостите можат да уживаат во европски, медитерански, здрави и вкусни оброци. Ресторанот има прекрасен поглед на море, исто и собите. Во склоп на хотелот има и игротека за деца и бесплатен приватен паркинг. Хотелот е оддалечен само 500 м од центарот и на само 1 мин има приватна плажа.
Галерија
Напомени
Дете 5,99 години бесплатно ; Дете 6-12,99 години доплата од 10 еур: Дете 13+ години доплата 15 еур;
Напомени:- Собите се достапни по добиено барање
- Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари.
ОПШТИ УСЛОВИ:
- За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
- Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ