×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Вила Арте

Опис

Вилата е со локација во центарот на Охрид, на само околу 500 м од центарот на градот, и само на неколку минути пешачење до најпознатите градски плажи на Охрид, пристаништето и стариот дел на градот.

Вилата располага со нови модерни соби кои располагаат со LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на вилата.

Вилата нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда. Главен ресторан, лаунџ бар, детско игралиште, мини лоби, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во целиот објект.

Вилата не располага со приватна плажа а градската плажа е на само 20м.


Галерија

Напомени


Напомени: 

  • Собите се достапни по добиено барање

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ