×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Комплекс Минами

Опис

Комплексот Минами е сместен во Село Коњско, Охрид. Планинско место на 1100м надморска височина. 10км од центарот на Охрид и 3 км од најблиската плажа.

Комплексот располага со 1 Апартман(минимум 4 особи, максимум 6 особи) 7 Студиа(минимум 2 особи, максимум 4 особи) *можност за помошен кревет во Апартманот и во студио.

Може да понуди Ноќевање со појадок, Полупансион и Полн пансион.Во полупансион и полн пансион пијалокот не е вклучен во цената.

Во рамките на Комплекс Минами има четири дрвени куќи и една куќа од камен. Тоа се седум студија и еден апартман каде можат да се сместат 34 лица. Комплексот располага со традиционален ресторан со 100 места, со прекрасен поглед со поглед на целото Охридско езеро, каде можете да вкусите македонски традиционални домашни јадења. Покрај тоа, тука можете да изнајмите ATV и Buggy возила за да ги испробате авантуристичките патувања низ Националниот парк Галичица со  професионален водич за тури или можете да го изнајмите сами и да го пробате сами. 

Во склоп на Комплексот е и тимот на ATV ADRENALINE. Тие располагаат со 10 четирицикли. Организираат најразлични тури од 2часа, 4, 6 и 8 часа со вклучен водич и обука.  


Галерија

Напомени


Напомени: 

  • Собите се достапни по добиено барање

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ