×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Хотел Мизо 4*

Опис

Комплексот Мизо се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, во близина на старата рибарска населба Канео и на само еден километар од старата охридска чаршија. Опкружен со површина од чиста вода на езерото од една страна и прекрасна приватна природа од друга страна.

Комплексот располага со три депаданси и прекрасни дрвени куќарки, модерно опремени со туш кабина, телевизор, клима уред, мини бар, целосно опремена мини кујна, WI-FI конекција.

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Доплата за дополнителен оброк 434 денари.Секој оброк за деца од 1 до 12 години се наплаќа по редовна цена од 310 денари. 

Во состав на Хотел Мизо 1 има ресторан за индивидуални гости, ресторан за свадби и други свечености со можност за пренамена за одржување на средби, конференции, состаноци, семинари... Ресторанот има капацитет за 550 гости. На самиот брег на езерото има летна тераса која нуди разни видови пијалаци и вкусна храна. Сопствениот приватен паркинг на хотелот значи поголема сигурност на вашето возило.

Комплексот располага со: отворен базен, приватна плажа, приватна марина (платформа). Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри или пак за разонода за гостите во слободното време.


Галерија

Напомени


Напомени: 
  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ