×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Hotel Village 4*

Опис

Хотел “Village” е отворен Декември 2017 година со локација во центарот на Охрид, на само 300 м од меѓуградската автобуска станица, и само на неколку минути пешачење до плоштадот на Охрид, пристаништето и стариот дел на градот.

Хотелот располага со нови модерни соб кои располагаат со LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот.

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда. Главен ресторан, лаунџ бар, детско игралиште, мини лоби, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во целиот објект.

Хотелот не располага со приватна плажа, истиот е централно лоциран. Хотелот располага со најпознатото детско игралиштево градот, има шопинг центар со 40 продавници, и истиот е одличен концепт за бизнис патување или централно сместување.


Галерија

Напомени


Напомени: 
  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ