×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Хотел Два Бисера 4*

Опис

Малиот и интимен хотел Два Бисера се наоѓа на 8 км од античкиот град Охрид во Лагадин на брегот на Охридското Езеро, обезбедувајќи прекрасен поглед и луксузно сместување. Два Бисера е идеален за секој што сака мирни, долги прошетки покрај песочни плажи или сака поактивно да ги поминува годишните одмори.

Вработените во Два Бисера обезбедуваат првокласна услуга и посебно внимание за секој индивидуален гостин, прифаќајќи ги желбите и барањата на гостинот.

Кога се сончате на малата плажа која е во сопственост на хотелот ви стојат на располагање бесплатните  чадори, кревети на плажа како и услуга со коктели и ладни пијалоци . Бесплатен паркинг, бесплатна WiFi, семејни соби, крај плажа, ресторан, простории за непушачи, бар.


Галерија

Напомени


Напомени: 
  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ