×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Хотел „Тино Св. Стефан“ 4*

Опис

Хотелот Tино Св.Стефан се наоѓа во туристичката населба Свети Стефан на 6 км оддалеченост од центарот на градот, на регионалниот пат Охрид - Св.Наум. Хотелскиот комплекс се наоѓа во бескрајна зелена шума на националниот парк Галичица. Оваа локација ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.

Хотелот во својот сместувачки капацитет располага со луксузни соби. Сите соби имаат LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот.Собите во хотелот се реновирани во 2020 год.

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ).

Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, два базени еден внатрешен еден надворешен, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција. Одличен ресторан со прекрасен поглед кон Охридското езеро. Одлична семинарска салa за одлично организирани настани.

Плажата Св.Стефан од хотелот е одалечена само 200м. Песочна и камчеста плажа. До плажата се оди преку пат. Лежалките и чадорите околу базенот се бесплатни.

Хотелот располага со одличен базен, има детско игралиште. Хотелот е одличен хотелски сместувачки објект, за прекрасен одмор.


Галерија

Напомени


Услуги вклучени во цените:
Користење на внатрешен базен, детски базен, спа центар со џакузи, сауна и парна бања, детско игралиште, пинг понг маса, конференциски сали (за настани), Wi-Fi

Услуги со доплата:
соба за забава (билјард, фудбалче, пикадо); масажи, третмани и солариум.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ