×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Хотел Инекс Олгица Hotel & Spa 5*

Опис

Хотел Инекс Олгица, има одлична положба. Прекрасен поглед од кој се одзема здивот. На само 4км од центарот на градот, во мирна и опуштена атмосфера, со прекрасна бескрајна шума и зеленило.

Хотелот Инекс Олгица во својот сместувачки капацитет располага со луксузни соби. Сите соби имаат LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот.

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, располага со внатрешен базен и спа центар, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција. Одличен ресторан со прекрасен поглед кон Охридското езеро. Одлична семинарска сали, за одлично организирани настани. Овој хотел е наша топла препорака за Ваше сместување!

Има сопствена плажа која е една од најубавите, песончна со мали камчиња со кристално чиста вода на Охридското езеро. Само 200 метри од самиот објект.

Хотелот располага со одличен базен и спа центар, фитнес центар, има одличен централен ресторан, еден од најпознатите во градот, со вкусна храна и одлична музика. Хотелот е одличен хотелски сместувачки објект, за прекрасен одмор.


Галерија

Напомени


Напомени:

  • Сместување во соби при доаѓање по 14:00 часот
  • Напуштање и одјавување до 10:00 часот
  • Спа Центар-сауна,фитнес,базен,парна бања –вклучени во цената-со претходно закажување,масажа се наплаќа екстра во зависност од видот И времетраењето на истата.
  • Собите се достапни по добиено барање

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ