Хотел Grupotel Taurus Park 4*
Опис
Со својата одлична локација и пријатна атмосфера, Grupotel Taurus Park претставува идеален избор за безгрижен одмор на Мајорка. Хотелот е сместен на само 500 метри од песочната плажа Плаја де Палма и нуди комбинација од комфор, релаксација и забава. Гостите можат да уживаат во внатрешен и надворешен базен, џакузи, фитнес-центар и тениски терени, додека уредените заеднички простори создаваат чувство на вистински медитерански одмор.Собите се пространи, светли и функционално уредени, со клима уред, приватен балкон, сателитска телевизија и сопствена бања со фен за коса, а сеф е достапен со доплата. Во ресторанот на хотелот се служи богат буфет со внимателно одбрани локални и интернационални специјалитети, а лаунџ барот со тераса е совршено место за релаксација со пијалак по зајдисонце. Вечерните часови се збогатени со анимации, музика и шоу-програми кои придонесуваат за пријатна и жива атмосфера.Хотелот се наоѓа во живописниот залив на Палма, на околу 1,5 км од пристаништето С’Аренал, каде има бројни ресторани, кафулиња и продавници, додека аеродромот на Мајорка е оддалечен само 4 км, што овозможува брз и лесен трансфер. Grupotel Taurus Park е одличен избор за парови и семејства кои бараат удобен сместувачки објект, добра локација и квалитетна услуга.
Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува:
Лет Скопје-Барселона- Трансфери во Барселона и Палма де Мајорка (аеродром-хотел-аеродром)- 1 ноќевање во Барселона на база ноќевање со појадок, Лет Барселона-Палма де Мајорка- 9 ноќевања во Палма де Мајорка на база ноќевање со појадок или вечерав според избраниот хотел/услуга- Лет Барселона-Скопје
Износот на аранжманот варира во зависност од цената на авионските билети и расположливоста на сместувањето во избраните хотели.
Во цената е вклучено:
- Авионски билет со лет од Скопје со авиокомпанијата Wizz Air, со вклучени аеродромски такси
- Авионски билет со лет од Барселона со авиокомпанијата Vueling, со вклучени аеродромски такси
- Трансфер Скопје – Барселона – Палма де Мајорка- Скопје
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Багаж според правилата на авиокомпанијата
- 1 ноќевање на база ноќевање со појадок во Барселона
- 9 ноќевања на база ноќевање со појадок или вечера во избраниот хотел/услуга
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување (може да се извади и преку агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба
- Туристичка такса во хотел: (се плаќа на рецепција при сместување)
Дополнителни информации:
- Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
- Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
- Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
- При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
- Сите останати услови на патување важат според правилата на туристичката агенција организатор на патувањето.