×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Хотел Alegria Maripins 4* Malgrat De Mar

Опис

Вашиот совршен летен одмор во ALEGRIA Maripins 4**** – Малграт де Мар! Замислете се себеси како се будите со мирисот на морето, сончевите зраци ве топлат додека пиете утринско кафе на терасата, а денот ви е исполнет со авантури, одмор и незаборавни моменти! ФАНТАСТИЧНА ЛОКАЦИЈА – Хотелот е сместен на прва линија до плажа, совршено место за уживање во брегот на Коста Барселона! Само на чекор до песочната плажа и близу до Барселона за дневни екскурзии! Хотелот располага со комфорни и удобни соби ппремени со сè што ви е потребно за удобен престој: приватен балкон, клима, ТВ, минибар, удобни кревети и прекрасен поглед кон морето или базенот. Голем базен, бар покрај базенот, анимации за деца и возрасни, како и опуштена атмосфера идеална за секој вкус. Уживајте во богатиот избор на вкусови во ресторанот со шведска маса, каде што ќе најдете разновидна локална и интернационална кујна. Без разлика дали патувате со семејството, саканата личност или пријателите, ALEGRIA Maripins 4**** е вистинскиот избор за вас!

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува: Полу пансион + Трансфери аеродром-хотел-аеродром + Авио Билет

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќи во избран хотел на база полупансион
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје
  • Аеродромски такси
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
  • Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air

Дополнителни информации:

  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на туристичката агенција организатор на патувањето 

1.Барселона Панорамика Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава. По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера. И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

Цена на излетот: 65 € Деца до 12 години: 35 €

 2.Музеј Дали + Герона Тргнување во утринските часови од Коста Брава.

Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија. Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.

Цена на излетот: 75 € Деца до 12 години: 40 €

3.Аквариум Барселона- влезница 35 еур

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.



Галерија