Вила "MEDITERAN" - Неи Пори
Опис
Вила “MEDITERAN” се наоѓа во близина на луна паркот во Неи Пори, во првиот ред до плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студија и апартмани со една спална за 4 лица, со комплетно нови купатила и кујни. Во трокреветните студија има еден брачен кревет и еден петосед (погоден за 2 деца или едно возрасно лице). Во апартманите со една спална има еден брачен кревет во спалната и уште еден брачен кревет во кујната. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..., тоалет, балкон со масичка со столчиња (со поглед кон улицата од студијата и поглед на море), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет - Бесплатен. Студијата и апартамните се на I кат и се со одличен квалитет на сместување и страничен поглед на плажа/море. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата. Ви посакуваме пријатен престој.
10% попуст за целосна уплата до 01.02.24 | 5% попуст за целосна уплата до 01.04.24
Бесплатно сместување за 3-то лице во студио / 3-то и 4-то лице во апартман со една спална
Галерија
Напомени
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 3-то и 4-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во студио и 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
- Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5>#/strong### попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса - 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
- Доплата за клима - 7€ од ден;
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.