×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Бали и Сингапур

Опис

Датум на патување: 28.12.2026-03.01.2027 // датум на престој: 29.12.2026-03.01.2027 (Бали 29.12.2026-01.01.2027 (3ноќи) / Сингапур 01.01.2027-03.01.2027 (2ноќи))

БАЛИ е единствен, Бали е неспоредлив. Не постои друго место како Бали на овој свет. Магичен спој на култура, луѓе, природа, активности, временски услови, кулинарски задоволства, ноќен живот и прекрасно сместување. Бали е многу повеќе од плажа, сонце и забава. Бали има прекрасни животни од светска класа, семејни паркови и паркови за атракција, неверојатна природа, традиционални села, морски животи, фасцинантни храмови.

СИНГАПУР се наоѓа во југоисточна Азија, на јужниот дел од Малезија, северно од Индонезија. Сингапур е светски центар на образованието, финансиите, здравството, човечкиот капитал, иновациите, логистиката, производството, технологијата, туризмот, трговијата и транспортот. Сингапур се вбројува меѓу најбезбедните, нај конкурентните и најмалку корумпираните земји во светот. Според " Индекост на демократија", земјата е опишана како ''несовршена демократија''. Поради ова е и наречен "Град на иднината".

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА Standard Room/ појадок

Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари

Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта). Можност за индивидуални дати на патување на барање.

Напомени


Детали од лет
TK1006  28DEC  SKPIST 2050 0020+1 // TK 066  29DEC  ISTDPS 0155 1930 
TR 281  01JAN  DPSSIN 1110 1350
TK 209  03JAN  SINIST 1025 1715 // TK1005  03JAN  ISTSKP 2035 2000   

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Бали (Денпасар)//Сингапур-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines/внатрешни локални компании сo вклучен багаж од 20 кг, согласно саатници на програма;
  • Аеродромски такси;
  • 3ноќи Бали+2ноќи Сингапур во наведениот хотел (или сличен на тој), наведен тип на соба / наведена услуга НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
  • Трансфери Aеродром – Хотел – Аеродром во Бали и Сингапур
  • Туристичка виза за Бали

Цената не вклучува:

  • Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелите
  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни тури/ на барање
  • Други индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.

Услови:

• При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 20 дена пред поаѓање. 
• Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
• За ова патување не се потребни медицински имунизации
• Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
• Задолжително патничко осигурување

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ