Хотел „JENNY“ – Сивири
Опис
Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Има базен, бар покрај базенот, детски дел, ресторан, рецепција, безжичен интернет.Надворешниот базен и лежалките се бесплатни за користење од гостите. Хотелот располага со 37 соби со брачен кревет и два единечни кревети Во собите: клима уред (вклучен во цената), кабловска телевизија, фрижидер и тоалет.
Цените се по соба за сместување 2 возрасни со две деца до 11.99г во € за 7 полупансиони
Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
-10% попуст за резервации направени до 15.02.2026 со уплата 50% при резервација и целосна доплата 14 дена пред датата на поаѓање
Галерија
Напомени
Цените се по СОБА, за сместување 2 возрасни лица кои плаќаат полна сума
- Услуга полупансион (појадок и вечера)
- Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети
- Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
- Трет возрасен во соба доплата 250 евра за цел престој.
- Четврт возрасен во соба доплата 180 евра за цел престој.
- Дозволено е сместување на дете од 0 до 1.99 години како 5 то лице во соба во кревет со родител Бебешко креветче – бесплатно
Во цената Е вклучено:
- 7 полупансиони (шведска маса)
- Клима уред Безжичен интернет
- Користење отворен базен со слатка вода
- Бесплатно лежалки и чадори покрај базенот
- Детски дел во дворот на хотелот
Во цената НЕ Е вклучено:
- Превоз
- Патничко осигурување (задолжително е да се има)
- Tуристичка такса 5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
Напомени!
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до пред хотелот.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
- Сместување во собите е после 14:00 часот (локално време)
- Напуштање на собите е до 10:00 часот (локално време)
- За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман (не се комбинира)
- Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
- Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
- Попустите не може да се комбинираат
- Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување)
- Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
- Полупансион:
Појадок 08:00-10:00 часот – шведска маса
Вечера 19:00-21:00 часот – шведска маса
Цени во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Дете до 2 год. бесплатно - не користи седиште
Место на поаѓање:
Скопје - Дрводекор
Штип - Паркинг пред Пошта
Велес - БП Мотел Македонија
Неготино - БП Неготино
ГП Богородица - БП Шимов
Битола - Автобуска Транскоп
Прилеп - БП Салида
Струга - Хотел Дрим
Охрид - БП Лук Оил излез кон Битола
Ресен - Автобуска станица
Време за поаѓање од Грција
Напомени:
- Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
- Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
- Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 23кг., и 1 парче рачен багаж до 6кг.
- Секој дополнителен багаж се наплаќа 20 евра по куфер во автобус доколку има место.
- Секој багаж мора да има налепница од водичот.