ЛИСАБОН и ПОРТО
Опис
Бисерите на Португалија - Авионска програма 14.03 - 20.03.20255 (7 дена/ 6 ноќевања)
За резервации до 31 Декември 949 евра (58.850 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 999 евра (61.950 денари)
Напомени
14. Март (Петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – ПОРТО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 02:30 часот. Полетување за Белград во 04:00 и пристигнување во 05:10 часот. Полетување во 07:05 и пристигнување во Порто во 09:50 часот. Возење покрај Атлантскиот Океан со фото пауза во зоната на тврдината Сао Франциско од каде се пружа привлечен поглед на крајбрежјето. Трансфер до хотелот со запознавање со вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Плоштадот Батаља, Црквата Сан Илдефонсо, улицата Света Катерина... Сместување во хотелот. Прошетка низ центарот на Порто, со слободно време за уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.
15. Март (Сабота) ПОРТО
Појадок. Разглед на стариот дел од Порто: Катедралата, железничката станица Сао Бенто изградена во стилот на француската ренесанса, Плоштадот Слобода, Авенијата Алиадос, Универзитетот, Кулата Клеригос, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро и прошетка по втората значајна пешачка улица Rua das Flores. Ноќевање.
16. Март (Недела) ПОРТО – КОИМБРА – ОБИДОШ - ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Препорачуваме попатна посета на симпатичното место Коимбра, каде се наоѓа еден од најстарите Универзитети во Европа. Прошетка низ историскиот дел на некогашниот главен град на Португалија при што ќе се види Универзитетскиот комплекс, старата и новата Катедрала, Кулата Алмедина, Црквата Санта Круз... Прошетката продолжува во централниот дел на Португалија. Малото сликовито гратче Обидош, кое поради стратешката позиција секогаш било предмет на интерес на португалските кралеви, всушност е најдобро сочувано средновековно место во земјата. Без сомнение, тоа е едно од најживописните и најромантичните гратчиња со карактеристични тесни, калдрмисани улички и шарени куќи. Обидош е познат и по локалниот специјалитет жинжа – ликер кој се пие од чоколадна чашка. Сместување во хотелот во Лисабон во вечерните часови. Ноќевање.
17. Март (Понеделник) ЛИСАБОН
Појадок. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем, која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде славниот Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, ремек дело на мауелската архитектура. Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Вечерна прошетка по Плоштадот Маркиз де Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.
18. Март (Вторник) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон вториот најдолг мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Ноќевање.
19. Март (Среда) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 Век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставува совршен контраст со зеленилото кое ја опкружува. Слободно време за вкусување на традиционалните колачиња каежадас. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, 'ртот Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
20. Март (Четврток) ЛИСАБОН – АЛФАМА – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка во центарот на Лисабон и покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфама – најстариот дел на Лисабон, познат по тесните улички со калдрма. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Во срцето на стариот дел се наоѓаат Катедралата, Црквите посветени на Св. Антонио и Св. Винсент, како и националниот Пантеон. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Белград во 17:20 часот. Пристигнување во Белград во 22:10 и полетување за Скопје во 00:30. Слетување во Скопје во 01:35 часот.
Цената вклучува:
- Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Белград-Порто и Лисабон-Белград-Скопје
- со вклучени аеродромски такси
- Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
- Tрансфер од Аеродромот до хотелот во Порто
- Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон
- Трансфер од хотелот до Аеродромот во Лисабон
- 2 ноќевања со појадок во Хотел Timbre Heroismo 4* во поширокиот центар на Порто
- 4 ноќевања со појадок во Хотел HF Fenix Garden 3* во центарот на Лисабон
- Разглед и прошетки во Порто според програмата
- Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
- Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
- Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 95 евра
- Посета на Коимбра и Обидош 30 евра
- Карти за локален превоз (метро)
- Патничко-здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето