×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Охрид

БАЛКАНСКИОТ БИСЕР И ГРАДОТ НА ПОЕЗИЈАТА ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Македонија е скриен скапоцен камен во центарот на Балканскиот Полуостров. Со својата жива култура, вкусна храна, уникатна флора и фауна и топло гостопримство од локалните жители е навистина прекрасна дестинација, која вреди да се посети.
Најатрактивните туристички градови во Македонија се Балканскиот Бисер-Охрид и Градот на Поезијата-Струга. Се наоѓаат на прекрасна локација на брегот на Охридското Езеро.

Охрид, град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Поради големиот број на цркви и манастири, градот покрај Балкански Бисер е познат и како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО. Ѕидините на Самоиловата тврдина на врвот на ридот, доминираат на Охридското небо. Градот кој како дестинација во Македонија која мора да се посети, има свој уникатен дух. Секој ден поминат во него е вреден за паметење, посебно во лето кога има денски и ноќни забави на плажите.