Блог
Замрзнати во пустина!?!
Веќе знаеме дека Дубаи е познат по екстремностите кога станува збор за архитектурата, од највисоките кули во светот, низ најголемите вештачко направени острови па се до “замрзнати оази” среде пустина. На температури од 50 C° имате шанса да ја почувствувате вистинската Руска зима.
Култниот бар “Chillout Lounge” од групацијата Шарад е прв замрзнат бар во Средниот Исток. За прв пат е отворен во 2007 година, но целосно е реновиран во Јули 2014.
Целиот објект е изграден од мраз, украсен со скулптури целосно направени од мраз, делот за седење е исто така од мраз, масите, столчињата... целосниот интериер од МРАЗ!
Барот служи, свежо цедени сокови, кафиња, чај, мокатели, десерти, топли чорби, сендвичи и со тоа го прави прв од ваков вид во светот кој служи храна и пијалоци во исто време.
Секој посетител на влезот добива соодветна термална облека во која ќе ви биде топло на овие минусни температури, плетен шал, капа, ракавици, чевли како и чорапи. При влезот најпрвин морате да отседнете околу 5 мин во бафет зоната на 5 C° за да му дадете време на телото да се адаптира на ниските температуриа, за потоа да преминете во главните простории каде ќе добиете бесплатен пијалок за добредојде. Цената на пакетите се движат од 20 еур по лице за возрасен па нагоре додека за деца цената е од 10 еур па нагоре- зависно од тоа кој пакет ќе го одберете. Лоциран е на “Times Square Center Dubai”, во срцето на Дубаи. Chillout Lounge е комбинација на ниски температури со уникатен ентериер, технолошки иновации, светлечки ефекти и единтвена архитектура и вистинска зимска атмосфера во среде пустина. Од архитектонска гледна точка Chillout Lounge е комбинација од мраз, стакло и челик.
Светлата кои се внимателно поставени ја менуваат бојата на ентериерот продирајќи во кристално чистите замрзнати блокови секој половина час. Сите компоненти се внимателно инкомпонирани и го создаваат најдобриот замрзнат бар во светот.
Наша препорака е да го пробате топлото чоколадо кое е исто како она кое би го добиле на Алпите. ?