Вистинска чест и задоволство ни е да ви претставиме уште една ексклузивна дестинација КАТАР. Во овие неколку редови ќе се запознаете со магијата на оваа мала но многу моќна земја, луксузот, гостопримливоста на жителите, гинисовите рекорди и уште многу.

Оригиналното име на Катар е “Dawlat Qatar” , главен град е Доха- Dawha што означува големо дрво. Во земјата живеат околу 2,307.218 жители ( 75% мажи И 25% жени) од кои 83% од популацијата е сместена во Доха. 
Официјална валута е Катарскиот Ријал (1 усд=3,65QR). 
Боите на знамето се бела-која означува мир и црвена/бордо која го означува муслимансиот Калифат како и крфта која била пролеана низ вековите во многубројните војни.
Првично бојата била бела со јадро црвена, слична како на знамето на Бахраин но заклучиле дека знамињата кои подолго време стоеле на сонце ( кое го има 365 дена во овој дел од земјата) ја менуваат бојата во темно црвена, па затоа одлучиле и официлајно да ја сменат бојата од црвена во бордо. 
Климата од мај до септември е екстремно топла ( 50C°) додека во остатокот од годината се движи од 15-25*C. официјален јазик е арапскиот но поголемиот дел зборуваат англиски. Викенд во арапскиот свет е Петок и Сабота.
Во моментов законодавник на Карат е неговото Височество. Емирот Шеик Тамим бин Хамад Ал Тхани ( од 2013 година) кој ја превзел титулата од неговиот татко Калифа Бин Хамад кој инаку има 24 деца со 3 жени. Неговата мајка Шеика Мозах Бинт Насер Ал Маснед е втора жена на неговиот татко со кои има 7 деца ( тој е 4 дете од овој брак), е многу влијателkanduна и ценета во општеството и ширум светот.
 Таа е активна на политички план, има своја не  профитабилна организација за образование, многу      помага на сиромашните ширум светот, претседател е  на многу здравствени организации , а важи и за голема модна икона која секогаш е облечена според мислуманските правила.

Катар е МНОГУ богата земја но и покрај тоа сепак постојат правила кои жителите ги почитуваат и бараат да бидат почитувани од туристите.


      * Тие начелно не дозволуваат алкохол но за мажи е дозволено понекогаш да влезат во бар каде се                   служи, за жени е строго забрането.

  • Мажите тука се допираат со носовите во знак на поздрав.
  • На полицијата никако немојте да и приѓате од позади и да ја допирате, тие тоа го сметаат за напад.
  • Многу од локалците зборуваат на висок тон, тоа нека не ве плаши нормално е.
  • Тие не сакаат да бидат критикувани и жестоко реагираат на разговорите за политика и религија па затоа избегнувајте ги овие теми.
  • Катарците обожаваат да бидат во центарот на вниманието па затоа не ретко ќе ги забележите како со својте ултра брзи автомобили се паркирани долж крајбрежјето каде чекаат љубопитните туристи да се сликаат со нив.
  • Немојте никогаш да се колнете во јавност, тие тоа го сметаат како непочитување на бог ( не зависно од која вера сте)
  • Кога сте во карат вие сте дел од нив, па затоа однесувајте се според нивните правила како би се зачувала нивната култура и традиција која многу внимателно ја негуваат низ вековите.

Мажите најчесто се облечени во традиционална облека “Kandura” (начинот на кој го носат делот кај главата се препознава дали се од Катар, Бахраин. Кувајт, Емирати, Саудиска Арабија или Оман), додека жените во “Abaja”. Сепак постои разлика во покривањето на лицето и тоа: Кимар- главата е лабаво покриена како и вратот и рамената, но лицето се гледа, Бурка- лицето е делумно покриено а телото е целосно покриено, Никаб- лицето е целосно покриено освен очите, Хиџаб- главата е покриена и го следи обликот но лицето е откриено- најчесто го употребуваат денеска бидејќи е во последен тренд.


Majlis/Маџлис – многу почитувано место во домот каде се примаат гостите, некогаш под пустинските шатори а денеска налик дневна соба во големите палати. На ова место денеска се собираат најчесто мажите и дискутираат за важни прашања.
Маџлисот секогаш се опремува според традиционалниот стил, но се внесуваат и модерни елементи како телевизори и останата технологија. Катарците во Маџлисот со себе знаат да ги поведат и нивните Соколи ( зажтитна птица и чест домашен миленик) кои стои на нивното рамо и тука пијат кафе, чај пушат наргиле, јадат традиционални слатки. Странците неможат да ја разберат важноста на маџлисот се додека не го искусат тоа доживување. 
Од кулинарксите специјалитети познати се хумисот, Табуле- салата од магдонос, булгур, домати, лук и лимон, Фалфала, Кебап, Мачбус- ориз со месо и доматен сос, попарените слатки и задолжителното АРАПСКО КАФЕ.

Од индустриите најразвиена е нафтената и природен гас (48 од јаголемите нафтени компании се од Катар), а во особен пораст последниве години е и туризмот. Светски познатите ланци на хотели веќе ги отворија својте врати и нудат беспрекорна услуга од светски ранк со традиционален шмек. 
Од спортовите најинтересни се трките со камили и летањето на соколи. 
Треба да знаете дека не секоја камила е за трки, постојат 3 вида и тоа: камили кои се употребуваат за млеко, месо, крзно, камили за носење товар и камили за трки. Цената на камилите варира од 3.000 еур почетна па нагоре во зависност од потеклото (дали е од оние за храна или пак тркачки).
Овој бисер во пустина нуди многубројни туристички атракции кои нудат забава за целото семејство. Уживање на долгите песочни плажи, крстарење со брод долж обалата, кампување во пустина во стилот на Бедуините, трка со камили, пустинско сафари, голф, нуркање, шопинг во ултра модерните трговски центри, трка со коњи, сурфање, кајакарење, посета на многуте забавни паркови, Пурпурниот остров, искачување на карпи, едрење, посета на загубениот град- Film City, кино на отворено во хотелот Ritz Carlton... затоа не чекајте, резервирајте го вашето место навреме.