×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




МАДРИД

Опис

ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА / ДАТУМ НА ПАТУВАЊЕ 22-25.11.2025 (3ноќи)

МАДРИД, главниот град на Кралството Шпанија, сигурно заслужува внимание од секој сериозен турист. Сместен во срцето на Иберискиот Полуостров, богат со содржини, музеи, импресивна архитектура, плоштади и облакодери... знаменитости како што се Плаза де Еспања, Гран Виа, Пуерта дел Сол (Сончева Порта), Плаза Мајор (Главен плоштад), Пуерта де Толедо (Триумфална Капија), Парк Ретиро, Плаза де Сибелес, Саламанка, стадионот Сантијаго Бернабеу и многу повеќе што го прави главниот град на Шпанија уникатен. Со атрактивни факултативни екскурзии како што се средновековниот главен град на Шпанија, Толедо и Сеговија, ќе го заокружите прекрасното патување.

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 459€ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА

Напомени


Детали од лет
Nov 22 Skopje – Madrid 16:55 - 20:50 (W6 4815)
Nov 25 Madrid – Skopje 20:45 - 00:15 (W6 4816)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релацијата Скопје-Мадрид со WIZZAIR со вклучени аеродромски такси и вклучен багаж ранец (со димензии 40х30х20см до 8 кг)
  • Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот во Мадрид
  • Сместување во Хотел Espahotel Plaza de España  3* или сличен во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Факултативни посети и влезници во локалитетити

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер