ДУБАИ – НОВА ГОДИНА
Опис
ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 28.12.2025-03.01.2026/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 28.12/25-03.01/26 (6 НОЌИ) / Индивидуална програма со лет од Скопје
Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)
Галерија
Напомени
Детали од лет
VF 264 28DEC SKPSAW 1240 1605/ VF 143 28DEC SAWDXB 2215 0350+1
VF 144 03JAN DXBSAW 0510 0915/ VF 263 03JAN SAWSKP 1155 1125
Програма на патувањето - авиокомпанија AJET од Скопје, со вклучен 8 кг рачен багаж. (55x40x23 димензии). Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на AJET.
28-29.12/25 - Полетување од Скопје во 12:40. Слетување во Истанбул на аердором Sabiha Gökçen во 16:05 часот. Полетување за Дубаи во 22:15 часот и слетување во Дубаи во 03:50 на 28.12. Трансфер до хотел во Дубаи. Ноќевање.
29.12/25-31.1.2025 Појадок и слободно време за индивидуални активности или организација на факултативни излети со доплата со локална асистенција и водич на српски јазик (доколку истите се резервираат и платат пред поагање заради организација на истите во висока сезона) или можност за посета на плажа или индивидуална посета на музеи и други знаменитости. Ноќевање.
31.12.2025 - Појадок и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови има Гала Новогодижна вечера во хотелот, согласно мени и програма на хотелот. Ноќевање.
01.01/26-02.01/26 - Појадок и слободно време за индивидуални активности или организација на факултативни излети со доплата со локална асистенција и водич на српски јазик (доколку истите се резервираат и платат пред поагање заради организација на истите во висока сезона) или можност за посета на плажа или индивидуална посета на музеи и други знаменитости. Ноќевање.
03.01/26 – Трансфер за аеродром 3 часа пред лет. Полетување од Дубаи за Истанбул во 05:10 часот. Слетување во Истанбул во 09:15 часот и полетување за Скопје во 11:55 часот. Слетување во Скопје во 11:25 часот.
Цената вклучува:
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ со AJET со вклучен 8 кг рачен багаж. (55x40x23 димензии).
- Трансфер аеродром Дубаи – хотел Дубаи – аеродром Дубаи;
- 6 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
- Организација и реализација на патувањето
- Локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)
Цената НЕ вклучува:
- доплата за чекиран багаж – ДОПОЛНИТЕЛНО (на барање)
- оброк за време на лет (со доплата на лице место)
- Задолжителна новогодишна гала вечера во хотел која изнесува 90€ од човек
- Патничко здравствено осигурување
- ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
* ПОЛУДНЕВНА ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА со водич на српски јазик – 60 ЕУР по лице (за мин 6 пријавени лица)
* ПУСТИНСКО САФАРИ со вклучена вечера – 70 ЕУР по лице
* КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА со вклучена вечера – 70 ЕУР по лице
* ОСТАНАТИ ЕКСКУРЗИИ – на барање - Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер