ПАРОС-НАКСОС-МИКОНОС 30.09 - 06.10.2025
Опис
30.09.2025 - 06.10.2025 (Автобуска програма)
Редовна цена: 21.640,00 денари (349 €)
Промо цена за уплати до 01.08.2025 : 18.540,00 денари (299 €)
Напомени
Ден 1 (30.09.2025 – вторник) Скопје - Состанок на групата на претходно договорено место во попладневните часови и поаѓање кон Битола и приклучување кон остатокот од групата. Поаѓање за Грција во 17:15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
Ден 2 (01.10.2025 – среда) : ПИРЕА – ПАРОС Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект (Blue Star Ferries) и поаѓање за Парос во 07.25 часот. Планирано пристигање на Парос околу 11;30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Livathia...Во вечерните часови – прошетка низ Парикиа главниот град на Парос, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во касните вечерни часови со нашиот автобус, враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3 (02.10.2025 – четврток) : ПАРОС Појадок. Слободно време, или факултативен целодневен излет на Парос...ќе имате можност да се сретнете со историјата, традицијата и модерниот живот на островот…средба помеѓу просторот и времето на Парос! Парикија, главниот град на Парос, ќе биде нашата прва дестинација. Можете да го посетите Археолошкиот музеј во Парос, посета на пост - Византиската црква Eka-tontapiliani (црква со 100 врати) една од најстарите цркви на Медитеранот – датира уште од 4.век од Новата Ера, прошетка помеѓу тесните улици на Парикија каде ќе се сретнете со сите различни архитектонски стилови, се до замокот на Франките (Крстоносците) и терасата на античкиот храм на Атина, божицата на мудроста...за цело времетраење од околу 2 часа (колку е предвидено за посета на Парикиа) - ќе имате одлични моменти за фотографии...20 минути возење не делат до нашата втора дестинација, Науса – најживописниот дел од Парос! Воодушевувачкото место Naoussa е прекрасно во текот на утрото и шармантно за време на зајдисонцето. Малото рибарско пристаниште со традиционалните рибарски бродови т.н. kaique (каики), создава уникатна глетка. Бело – варосаните куќарки расфрлани низ тесните улички, од модерните времиња Ве враќаат во некоја друга ера и Ви нудат можност да се чувствувате како скапоцен пријател на островот...во втората половина од 18.век, ова пристаниште било седиште на Руската флота и трговски центар на островот...посета на црквата Св.Атанасиј (17.век), можност за посета на некој од неколкуте Византиски музеи кои поседуваат икони од 12. и 13.век...нашето патување продолжува кон Лефкес – автентично село, едно од двете планински села на островот - 400 м. над нивото на морето. Таму некој може да ја посети куќата на литературата, неокласичните згради и прекрасните мали плоштади. Црквата Agia Triada (Св.Тројство) гордо стои на највисоката точка и ги поздравува сите гости. Се упатуваме кон Marpissa - селото што се именувало по истоимената преубава нимфа...тоа е доминантно во источниот дел на островот. Се смета за еден од најубавите со бројни капели, убави урбани Кикладски куќи и фолклорен музеј каде традицијата е зачувана. Покрај тоа, тука се наоѓа и музејот на скулптурата - Николаос Перантинос, еден од најпознатите скулптори на 20 век во Грција. Се упатуваме кон местото Piso Livadi - убаво мирно рибарско пристаниште близу плажата Логарас...тоа е одлично за пауза, капење или индивидуален ручек, каде ќе можете да уживате во специјалитетите кои Ви ги нудат локалните таверни...нашата последна станица за денес е Дриос - мирна зелена оаза, кое може е мало село, но е иновативно! Ќе најдете исклучителен мини-пазар Anousakis со ретки и внимателно избрани гурмански производи од интернационалната кујна. Локалните жители на Дриос се отворени и среќни и сакаат да ве водат околу областа. Многу локални жители призведуваат земјоделски производи и одгледуваат добиток, па лесно ќе најдете свежи локални овошја и зеленчук, вино, сума, мед, јајца и локално сирење - од производителите или од локалните продавници за храна. Враќање во хотелот во раните вечерни часови. Слободно време. Ноќевање
Ден 4 (03.10.2025 – петок) : ПАРОС – НАКСОС Појадок. По појадокот – слободно време или факултативен полудневен излет (се поаѓа на пладне од Парос со Blue Star – пловидбата трае околу 1 сат) со локален водич до Наксос (Naxos), петти остров по големина во Грција, а наша цел на посета е Хора – главниот град на островот...прва дестинација е храмот на Аполон...како што сугерира името, ова е храм кој некогаш бил посветен на Аполон, грчкиот бог на лекувањето, вистината и пророштвата. Овие урнатини гледаат на соседното Егејско Море. Со оглед на неговата стратешка локација на врвот на островот, тој ви дава неограничени погледи на градот долу и морето пошироко. Посета на Портара - најфотографираното место во Хора...Некои велат дека тоа ги потсетува на портата од другиот свет. Сепак, тоа е сепак одлична „рамка за слики“ за одлични фотографии. Враќање во градот – посета на Панагиа ДросианиИ...Иако овој објект првично беше дизајниран да биде црква, сега е исполнет со уметност и служи како музеј. Таа доаѓа во форма на античка камена црква и е украсена со бројни ресурси. Меѓу нив се гробиштата во близина, камбанаријата, некои слики и историски резби. Посетете ја Панагиа Дросиани за повторно да го доживеете минатото и улогата на Грција во обликувањето на христијанството. Во слободното време можете да го посетите и Археолошкиот музеј на Наксос...Сместен во венецијанска зграда, овој музеј собира и прикажува бројни праисториски артефакти. Тие се движат од керамика до фигурини и ископани уметнички дела, сите потекнуваат од предисториското време. Прошетката во оваа установа ќе ги збие случувањата од 1.000 години во само еден приказ. Ваш избор во слободното време може да биде и шопингот, Хора изобилува со многу продавници, бутици и сувенирници...секако – тука се и блиските плажи, плажата Niborio се наоѓа 300 м.северно од градот - тоа е место кое е изложено на сонце, но сепак заштитено од очите на јавноста. Поради оваа причина, ова место е добро за одмор и сончање. Плажата Astir – Сместена на само 3 минути од центарот на Хора, оваа плажа доаѓа во форма на златен и песочен амбиент. Враќање на парос со Blue Star во 18.00 часот. Ноќевање.
Ден 5 (04.10.2025 – сабота) : ПАРОС – ДЕЛОС – МИКОНОС Појадок. По појадокот – слободно време, или факултативен целодневен излет со локален водич до Делос – еден од најинтересните археолошки локалитети во Грција, каде туристите ќе бидат изненадени од начинот на кој живееле Античките Грци...место кое посетителот ќе го однесе во античката ера (за влез во археолошкиот локалитет и музеј се плаќа дополнително на влезот од истиот 20 € по лице)...по двочасовната посета на Делос (по 30-минутно пловење), пристигнуваме на космополитскиот Миконос, еден од најпопуларните и најпознатите острови на Кикладскиот архипелаг...3 часа се доволни да направите мноштво слики пред „Мала Венеција“ (Alefkantra) – место кое за миг ќе Ве „пренесе“ во вистинската Венеција, да уживате покрај морето, пиејќи кафе и уживате во петте ветерници пред Вас, додека црквата Парапортиани ќе Ве остави без здив...прошетка низ Хора – центарот на Миконос, каде – ако имаме среќа, можеби ќесретнеме некоја славна личност од светскиот џет-сет, на кои Миконос им е омилена дестинација преку целата сезона...враќање на Парос во касните попладневни часови. Трансфер до хотел. Ноќевање.
Ден 6 (05.10.2025 – недела) : ПАРОС – ПИРЕА Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за плажа или прошетка низ Парикиа до доаѓањето на траектот. Трансфер на траект во 18;30 часот. Поаѓање за Пиреа во 19;15 часот. Пристигнување во Пиреа околу 23;30 часот. Поаѓање за Македонија.
Ден 7 (06.10.2025 – понеделник) : ПАРОС – ПИРЕА Пристигнување во Скопје во утринските часови.
Во цената Е вклучено:
- Автобуски превоз на горенаведената релација;
- Трансфер со фери брод на релација Пиреа – Парос – Пиреа;
- 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* на Парос;
- Трансфер со автобус од пристаниште во Парос – хотел – пристаниште;
- Организација, водство и реализација на аранжманот.
Во цената НЕ Е вклучено:
- Факултативните излети и посети
- Влезниците при посета на културно-историските споменици
- Патничкото осигурување (290,00 денари по лице).
Факултативи
- Излет низ Парос = 40 €
- Излет низ Наксос = 50 €
- Крстарењето со брод = 90 €