БАЛИ со лет од Скопје - Мај
Опис
ИНДИВИДУАЛНО ПАТУВАЊЕ
Датум на патување: 18.05-28.05.24 датум на престој: 19.05-27.05.24 (8ноќи)
19-20.05 (1ноќ) Џакарта // 20-27.05 (7ноќи) Нуса Дуа
Џакарта е главен и најголем град во Индонезија. Џакарта не е само архитектура. Ова е град за вистинско уживање. За шопинг има голем број продавници и трговски центри. Постојат врвни ресторани каде што можете да пробате многу вкусни јадења, домашни и странски. Градот е исполнет со клубови и барови. За убавина и релаксација има центри за масажа и спа центри. За целосно доживување, можете да посетите некои од плажите на Џакарта, но не треба да се ограничувате само на тие плажи бидејки Индонезија е полна со прекрасни плажи и места за уживање. Џакарта нуди многу повеќе. Градот е исполнет со богато културно и историско наследство и е во совршена симбиоза со современиот начин на живот.
Бали е единствен, Бали е неспоредлив. Не постои друго место како Бали на овој свет. Магичен спој на култура, луѓе, природа, активности, временски услови, кулинарски задоволства, ноќен живот и прекрасно сместување. Бали е многу повеќе од плажа, сонце и забава. Бали има прекрасни животни од светска класа, семејни паркови и паркови за атракција, неверојатна природа, традиционални села, морски животи, фасцинантни храмови.
Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари
Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).
Напомени
Детали од лет
TK1006 18MAY SKPIST 2020 2300 // TK 056 19MAY ISTCGK 0150 1735
IU 278 20MAY CGKDPS 1200 1450 // IU 285 27MAY DPSCGK 1830 1920
TK 507 27MAY CGKIST 2100 0455+1 // TK1003 28MAY ISTSKP 0725 0750
Во цената е вклучено:
- Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Џакарта-Денпасар-Денпасар-Истанбул-Скопје со сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
- Аеродромски такси;
- 1ноќ во Џакарта и 7ноќи Нуса Дуа во наведениот хотел, наведен тип на соба / наведена услуга НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
- Трансфер Aеродром – Хотел – Аеродром
Цената не вклучува:
- Туристичка виза за Бали 130€
- Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
- Факултативни тури
- Други индивидуални трошоци
- Патничко осигурување
- Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.
Услови:
- При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
- Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
- Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
- Задолжително патничко осигурување
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ