Кан во Септември
Опис
Авионска програма 07-10.09.2024
Француската ривиера е сè што тврди дека е и повеќе. Совршени градови како од разгледници, сонце во текот на целата година и блескаво сино медитеранско море. Азурниот брег, парче рај на Земјата во Јужна Франција. Меѓународната престолнина на луксузните патувања е преполна со воодушевувачки места кои се златен стандард за идилично патување.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 730 ЕУР
НАПОМЕНA: Понуда валидна за пријавени минимум 15 патници
Напомени
Авионска карта
07SEP W6 4025 Belgrade – Nice 12:20 14:25
0SEP W6 4026 Nice – Belgrade 15:00 16:55
ПРОГРАМА:
Период на престој 07 Септември – 10 Септември / 3ноќи
07.09.2024 Скопје / Белград – Ница / Кан: Поаѓање од договорено место во раните утринските часови со попатни паузи согласно потреба. Пристигнување на аеродром во Белград 3 часа пред лет и чекирање на шалтер на Wizz Air. Полетување во 12:20ч. и пристигнување во Ница во 14:25ч. Организиран трансфер до хотел во Кан. Пристигнување и сместување согласно политика на хотелот после 14 часот. Слободно време и индивидуални активности. Опуштете се со пијалок покрај морето или прошетајте по Кроазета, која е амбиент за Канскиот филмски фестивал. Ви предлагаме да уживате во ручек под фреско во Le Suquet, Стариот град на Кан, кој гледа кон заливот.
08-09.09.2024 Кан: За време на престојот во Кан можност за организирање на факултативни екскурзии
СЕНТ ТРОПЕЗ: Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Одиме на познатата монденска плажа Памплона, позната по многубројните “Beach bar”-ови каде светскиот џет-сет одмара.
МОНАКО.-МОНТЕКАРЛО: Препорачуваме посета на кнежевството Монако. Се упатуваме кон делот Монако Вил кадешто следува разглед на најзначајните знаменитости на Монако: Океанографскиот музеј, Катедралата Св.Никола, Кралската палата на семејството Грималди....Слободно време за сликање и уживање во најмирниот дел на Монако...Потоа се спуштаме кон Монте Карло, делот на кнежевството којшто е најмногу познат по казината и игрите на среќа.
10.09.2024 Кан/Ница – Белград/Скопје: Појадок и напуштање на хотелот согласно check out време на хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродром Ница. Полетување во 15:00ч. и пристигнување во Белград 16:55ч. Трансфер до Скопје
ПАКЕТ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Авионска карта со Wizz Air согласно саатници во програма / со рачен багаж (carry-on bag 40cm × 30cm × 20cm In the cabin placed under the seat)
- Сместување во Кан во хотел 4*- Novotel Cannes Montfleury 4*– Cannes https://hotel-cannes-montfleury.fr/ 3 ноќевања со појадок
- Трансфер аеродром Ница – хотел Кан – аеродром Ница
- Трансфер Скопје – Белград аеродром - Скопје
- Организација на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување
- Туристичка такса
- Факултативни излети
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ