Истанбул за 01ви Мај
Опис
АВИОНСКА ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА 01.05 - 03.05.2026 (3 дена / 2 ноќи)
Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија. Истанбул претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.
Цена по лице во двокреветна соба 359 € ***SALE OFF ПОНУДА ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОМОТИВНИ МЕСТА***
Напомени
Детали од лет
VF-264
Skopje (SKP) - Istanbul (SAW)
01/05/2026 14:20 - 16:50
VF-263
Istanbul (SAW) - Skopje (SKP)
03/05/2026 12:50 - 13:20
01.05.2026 Скопје – Истанбул
Пристигнување на аеродром 2ч пред лет. Индивидуално чекирање на шалтер на Ајет. Полетување за Истанбул во 14:20 и слетување во 16:50ч. Трансфер до хотел и чекирање. Слободна вечер. Можност за ноќно крстарење по Босфор 40 еур по лице.
02.05.2026 Истанбул – Целодневна факултативна Екскурзија
Појадок. Посета на Принцеските острови со вклучен ручек - ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
Откријте една поинаква страна од Истанбул со релаксирачко бегство на Принцеските Острови, каде што времето забавува, а природата презема контрола. Совршена комбинација од море, спокојство и автентичен локален живот.
раќање во хотел. Ноќевање
03.05.2026 Истанбул –Во утринските часови трансфер до аеродром. Полетување од Истанбул во 12:50 и слетување во Скопје во 13:20.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски билет на релација Скопје – Истанбул - Скопје со авиокомпанија „ Ајет “ со вклучен чекиран багаж до 20кг и ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ
- Организирани трансфери: аеродром - хотел – аеродром во Истанбул;
- 2 ноќевања со појадок во хотел ( HARBİYE RESIDENCE или сличен) во двокреветни соби
- Целодневна посета на Принцеските остови со вклучен ручек
- Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Оброци надвор од наведени оброци по програма – ручек и вечера и пијалок
- Здравствено осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети –СО ДОПЛАТА
- Бакшиш за водич и возач при организација на тури
- Се што не не наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
- Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките.
- Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата
- Цената на излетите е валидна за пријавени минимум 10патници и агенцијата го задржува правото на промена на цена во случај на недоволно пријавени патници.
- При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.
УПЛАТА
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
- За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%
- Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Војажер
ВОЈАЖЕР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ