×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ЛИОН и АНСИ

Опис

„Таму каде што реките се прегрнуваат, а езерото зборува – Лион и Анси.“ Вкус, поглед и љубов – сè на француски начин!!!!! Авионска програма 27.09.2025 / 4 дена - 3 ноќевања

Да, Лион дефинитивно вреди да се посети! Тој е трет најголем град во Франција со одлична комбинација на историја, култура, гастрономија и архитектура. Познат по своите живописни улички во стариот град (Vieux Lyon), Лион зрачи со шарм и автентичност. Реките Рона и Сона му даваат посебна магија, а панорамскиот поглед од базиликата Нотр-Дам де Фурвиер е незаборавен. Лион со своите традиционални "бушон" ресторани е вистинска ризница на француското наследство. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                 499 евра           (30.950 денари)

Напомени


27 Септември (Сабота)  СКОПЈЕ – ЛИОН
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Полетување за Лион во 18:50 и слетување во 21:20 часот. Организиран трансфер до Хотелот и сместување. Ноќевање.

28 Септември (Недела) ЛИОН  Историја, природа и гастрономија
Појадок. Прошетка по старото градско јадро (Vieux Lyon) заштитено од УНЕСКО, по калдрмисаните улици, покрај ренесансната архитектура и скриените „traboules“ пасажи. Можност за посета на     Базиликата Нотр-Дам де Фурвиер со прекрасна внатрешност и панорамски поглед на градот. Околината покрај римскиот амфитеатар е одлично место за сликање. Прошетката продолжува до Паркот, еден од најубавите градски паркови во Европа, со малото езеро и ботаничка градина. Препорачуваме да се вкуси некој од локалните специјалитети, како што се quenelles, andouillette и tarte à la praline. Ноќевање.

29 Септември (Понеделник)  АНСИ Романтика меѓу езеро и планини
Појадок. Посета на Анси, еден од најшарматните градови во Франција. Тргнување од Лион со раниот воз од станицата Lyon Part-Dieu - патувањето трае околу 2 часа. Прошетка покрај  Palais de l’Isle – мал замок од 12 век сместен на островче во реката Тиу, кој е еден од најфотографираните објекти во Франција до замокот Анси (Château d’Annecy), каде се ужива во панорамскиот поглед кон градот и езерото. За ручек, препорачуваме едно од многуте локални бистроа со вкусување на тартифлет, фондју или специјалитети од риба од езерото. Прошетката продолжува покрај езерото Анси (Lac d’Annecy) – едно од најчистите природни езера во Европа до по градините Jardin de l’Europe и на романтичниот Pont des Amours (Мост на љубовта). Враќање во Лион во вечерните часови. Ноќевање.

30 Септември (Вторник) ЛИОН Уметност и модерна страна - СКОПЈЕ 
Појадок. Прошетка до квартот Прескил, полн со шопинг улици, кафулиња, ресторани и модерна уметност. Можност за посета на Музејот на фини уметности, „мал Лувр“, со богата збирка. Прошетката продолжува до Place Bellecour, еден од најголемите плоштади во Европа и Rue de la République, главната трговска улица. Confluence District e модерна зона каде што се спојуваат реките Сона и Рона, како пример за урбана реновација и одржлив дизајн. Организиран трансфер до Аеродромот во Лион. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 00:20 часот.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Лион-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
  • Трансфери во Лион од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел 3* во Лион на база 3 ноќевања со појадок
  • Прошетки во Лион и Анси според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
  • Повратна карта за воз до Анси, околу 50 Евра
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ: 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето